Мадрид веќе ги крена цените и за престој на 1 јуни кога е финалето во ЛШ почна да наплаќа хотелско сместување по 20 пати поскапо од нормалното. Исто како што правеа кај нас за Супер Купот во Скопје.
За второто финале од ЛЕ пак проблем се и високите цени за авионски карти и тоа што патешествието е долго 9.000 км во два правци.
Ретко кој тренер или можеби единствен е што ваквото рационално размислување го пласира во јавност и застанува на страна на навивачите. Јирген Клоп цар по кој знае кој пат.
„100 проценти сочувствувам со навивачите. Очигледно туристичките агенции и хотелите не се глупави. Тешко е, но мислам дека тоа со Мадрид е неверојатно скапо, јасно е, но барем тоа не е друг дел од светот.
Да одиш во Баку во финалето на ЛЕ е навистина смешно. Јас не знам што доручкуваат луѓето кога ги носат овие одлуки.
Минатата година бевме во Киев, тоа е прекрасен град, но дека тим од Русија или од тој дел од светот ќе биде во финале, тоа е навистина малку веројатно.
А Баку? Јас немам појма како да стигнам до таму и дали воопшто има директни летови.
Овие одлуки мора да бидат многу повеќе разумни, вака изгледа неодговорно, не знам како го прават тоа.
Во градовите каде што се игра финалето, мора да направам некое намалување на цените или да усогласат ценовници и да не одат над тоа.
Слушнав во Мадрид дека одредена категорија на соба која обично може да се добие за 100 фунти, сега е 2.700 фунти. Тоа е лудо“