На 23 октомври 2011-та Манчестер Сити славеше со 1:6 против градскиот ривал со што му го нанесе најтешкиот пораз по 1955 година.
Марио Балотели стигна до хет-трик на натпреварот кој остана запаметен и по онаа порака на маицата со која го одвлече вниманието на медиумите.
Манчестер Сити сними кусо интервју со човекот од клубот кој му ја направил штампата.
„Марио беше посебен момак, правеше необични работи и беше непредвидлив, но беше голем талент. Играчите често бараа од мено да им испринтам на маиците кои ги носат под дресовите. Во понеделник, пред големото дерби Марио имаше едно барање од мене. Му реков дека тоа не може да биде контроверзно или навредливо. Ми рече само да напишам: „Зошто секогаш јас“. Кога го постигна првиот гол, застана, го подигна дресот и под маицата го пишуваше тоа што го виде цел свет“