Историска сезона на потценетите и заборавените

Океј, Ливерпул, Баерн и ПСЖ предвреме завршија работа и направија да спласне жарот во тие три лиги. Обрнете внимание на овие топ 5 успеси на сезоната кои имаат посебен шмек. Може и Тотенхем да влезе во ова друштво, ако во среда го победи Манчестер Јунајтед во финалето од ЛЕ. Нив последниот трофеј им е во Комјунити Шилд 2008-ма.

По 93 години - Го Ахед Иглс

Кој би рекол дека при Ајакс, ПСВ и Феенорд, Купот на Холандија ќе го освои клуб по име Го Ахед Иглс. Ги знаете од кладилница така? Во полуфинале го елиминираа ПСВ, а во финалето го совладаа АЗ Алкмар на пенали. Ова им е прв трофеј после 93 години и прв Куп во 122 години постоње.

По 70 години - Њукасл

Моментално се трети на табела, со големи шанси за ЛШ, а на трофеј чекаа од 1955-та. Тогаш ФА Куп, а сега Лига Куп, прв во историја. Во финале го совладаа Ливерпул.

По 51 година - Болоња

Една од најубавите приказни изминативе години во Италија е Болоња, која освен што сезонава заигра во ЛШ, го израдуваа градот со трофеј после половина век. Во финалето од Купот беа подобри од Милан.

По 31 година - Хари Кејн

Има 337 клупски голови и 71 за репрезентација. Плус овој човек има загубено дури шест финалиња во кариерата. И на крај дочека да се израдува на трофеј на 31 година, после 15 години кариера и куп врвни партии и голови.

Историски Кристал Палас

Формирани се во 1905, а првиот трофеј во витрината го сместија дури сега. 17 мај 2025-та ќе биде запишан со златни букви во нивната историја. Трофејот се вика ФА Купот, а поразениот Манчестер Сити.

Виа

19 мај 2025 - 14:11