За Хозе Карлос или попознат како Зека синоќешното четвртфинале во Лига Европа му донесе измешани емоции. Прво затоа што Копенхаген издржа 90 минути и остана во игра да направи сензација во продолженијата или на пенали, а второ бидејќи неговиот омилен тим се пласираше во полуфинале.
Тоа е Манчестер Јунајтед, клубот за кој Зека навива уште од мал. Уште пред мечот изјави дека пораснал како нивни навивач и разочаран е што мечот не се играше на Олд Трафорд, но неговиот сон се оствари кога имаше разговор со Солскјер.
Инаку Зека кој е роден во Лисабон најпрво разговараше со Португалецот Фернандеш, а потоа како навивач на Манчестер Јунајтед му се заблагодари џентлменски на Солсјкер за она што го прави во тимот.
Зека: Ти благодарам многу за сè што правиш во Манчестер Јунајтед.
Солскјер: Се трудиме да се вратиме. Тој ни помага (мислејќи на Фернандеш).
Зека: Дечкото е неверојатен, навистина неверојатен.
Солскјер: Малку е лут, сакав да го извадам од игра.
Зека: И јас бев лут што не го извади порано, но ок.
Солскјер: Цело време тебе ти ја подаваше топката.
Зека: И покрај тоа, Спортинг е мојот тим
Copenhagen's Zeca to Solskjaer: "Thank you very much for everything you're doing with Manchester United."
— Football on BT Sport #Club2020 (@btsportfootball) August 11, 2020
Ole: "We're trying to get it back. [Bruno]'s helping!" 😂#Club2020 pic.twitter.com/43AZTvQOS1
Zeca (Copenhagen captain): "Since I was young it [#mufc] was the team I liked the most. I like the way they play. I love the stadium, the atmosphere, and it was always a dream to go there and see a game." #mulive [@BeanymanSports] pic.twitter.com/zdhcxnZFVn
— utdreport (@utdreport) August 9, 2020