И Марсеј направи утка со знамињата, па ја навреди Кина

Фудбалскиот клуб Марсеј утрово преку социјалните мрежи му честитал 29-ти роденден на бекот Хироки Сакаи, само што наместо стандардното јапонско знаме, го ставиле јапонското империјално знаме (1867 - 1945) користено во Втората Светска војна. Со ваквиот потег ги навредиле Кина и двете Кореи.

По бурните реакции, од клубот ги избришале претходните постови и споделиле нови, со актуелното јапонско знаме.