Во Перу има фудбалер на кој целосното име му е Осама Винладен Хименез Лопез. Се работи за 18 годишен играч кој игра за второлигашот Унион Комерсио и кој стана славен само затоа што се вика скоро исто како основачот на Ал Каеда чие име е Осама Бин Ладен.
Значи никој не пишува за неговите игри како фудбалер од среден ред, туку затоа што има уникатно име кое му го дал татко му една година по рушењето на кулите близначки во Њујорк.
Планирал и да го смени, бидејќи постојано е предмет на потсмев, иронија и асоцијација на најпознатиот лидер на терористичката организација, но се навикнал.
„Размислував за промена на моето име, но сега ми се допаѓа и беше модерно во своето време. Нема други кои се викаат така. Чудно е, но мене ми е нормално и се навикнав. Брат ми се вика Садам Хусеин, а татко ми сакаше третото дете да го крсти Џорџ Буш, но се роди девојче. Мислам дека има еден човек во Перу што се вика Хитлер Мусолини“, вели Перуанецот кој веројатно мора добро да се докаже на терен за да излезе од сенка на славниот терорист.
Во Јужна Америка има многу вакви случаи, особено во најсиромашните делови. На пример меѓу младинските бразилски фудбалери може да се сретнат имиња како Кенеди, Ајнштајн, Џон Ленон, Самуел Етор и Клајверт.
Некои одат до таму што децата ги крстат Марио Броз, а пар во Бразил го крстиле бебето Фејсбуксон, знаете зошто? Затоа што се запознале на Фејсбук.