Го паметите ли октоподот Пол кој погоди 12 од 14 резултати на Европско и Светско првенство?

Репрезентацијата на Германија силно го стартуваше актуелното Европско првенство, славеше 5:1 против Шкотска а после и 2:0 против Унгарија. На ден пред мечот, беше продолжена некогашната забава животни да погаѓаат победник, па така овојпат орангутанот Валтер од зоолошката во Дортмунд го предвидел успехот на Германија.

Необични прогнози од животни има на речиси секој поголем турнир. На пример во 2012-та резултати погаѓала слоницата Чита, на Евро 2016 пингвин, на Светското во Русија и Еврпското 2020 прогнозер бил мачорот Ахил од Санкт Петербуг.

Традицијата ја започна легендарниот октопод Пол кој гаѓаше победници на дуели на Европско 2008 и Светско 2010. Ниту еден негов колега-прогнозер подоцна не го стигна неговиот рекорд.

ПОЛ ИМАШЕ 86% ПОГОДЕНИ РЕЗУЛТАТИ - НА СВЕТСКО 2010 ПОГОДИ 8 ОД 8!

Октоподот Пол се родил во Центарот за морски животни во Англија во 2008-ма година. Од таму подоцна го пренеле во помал океанариум во германскиот град Оберхаузен. Токму во Германија Пол почнал да прогнозира - му ставаа кутии со знамињата на двете селекции кои играат и тој се фаќаше за една. Немал можност да одбере нерешено.

На Европското 2008-ма Пол промашил прогноза на вториот меч, а интереско секогаш типувал на Германија.

Но она што Пол го направи на Светското првенство 2010 беше права сензација за цел фудбалски свет. Ги погоди сите натпревари вклучувајќи го и големото финале Холандија - Шпанија.

Тој на Еуро 2008 ги погоди победниците на натпреварите: Полска - Германија (Германија), Австрија - Германија (Германија), Португалиј - Германија (Германија), Турција - Германија (Германија). Ги промаши единствено типувањата на средбите Хрватска - Германија (Хрватска) и Шпанија - Германија (Шпанија) во финалето.

На Мундијалот 2010 октоподот Пол кој веќе стана славен погоди верувале или не 8 од 8 прогнози: Австралија - Германија (Германија), Србија - Германија (Србија), Гана - Германија (Германија) Англија - Германија (Германија), Аргентина - Германија (Германија), Шпанија, Уругвај - Германија (Германија), Холандија - Шпанија (Шпанија).

ЧУДОТО ОД ОБЕРХАУЗЕН

Во германскиот град Оберхаузен луѓе чекале во ред да го видат октоподот Пол. Дури и му дале телохранител во близина на аквариумот. Некои кладилници одбивале да примаат уплати после негови типувања. Претседателот на Националната асоцијација на обложувалници во Русија Олег Журавски еднаш изјавил дека доколку некој вложел 50.000 евра на првите шест типувања на Пол за Германците, би заработил 1 милион евра!

Светската глобална еколошка организација PETA барала да се прекине со малтретирањето на октоподот Пол. „За не само фудбалските навивачи, туку и Пол да можат да ја прослават победата на Германија над Аргентина во четвртфиналето во сабота, германскиот огранок на PETA бара негова слобода“, рекле од организацијата.

Администрацијата на аквариумот, очекувано, го одбила барањето. Рекле дека октоподот е роден во такви услови во аквариум и дека е навикнат на таков живот па евентуално префлрање во природни услови би можеле да го чинат живот.

Октоподот Пол стана главна ѕвезда на Европското и Светското. На социјалните мрежи имаше разни верзии за теории на заговор. На приемр некои тврдеа дека во послужавникот со германско знаменце му ставале повеќе храна или дека на некој друг начин го привлекувале да типува на Германија. Некои зборувале за жолтата боја на знамето на Германците, но таа теорија падна во вода откако Пол ја одбра Шпанија во големото финале (шпанското знаме исто има жолта боја), и откако ја одбра Србија во сензационалниот триумф на Србите над Германија.

МАРАДОНА НЕ САКАЛ ДА ГО ВИДИ, НЕ ГО ПОДНЕСУВАЛ

Популарноста на октоподот Пол стрмоглаво растеше во западната хемисфера, дури и му направија страна на Фејсбук.

Но на социјалните мрежи имаше и такви кои не го сакаа. Аргентинците први сакале да го загрозат откако „предвидел“ нивен пораз во четвртфинале против Германија. Аргентинци дури и тврделе како ќе го спржат а некои кувари дури и објавиле рецепт за октопод со прилог. Но Пол не погреши.

Следната прогноза била пораз на Германија во полуфинале. Сега пак германските навивачи кои до тогаш го обожаваа, сакале „да го фрлат на ајкули“ или да направат „салата од морски плодови“. Октоподот повторно го погоди победникот. Шпанците дури и барале политички азил за Пол, за тие да го чуваат.

Дури и шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро рекол: „Загрижен сум за октоподот. Мислам дека треба да го заштитиме“.

Октоподот Пол умрел во 2010-та година. Диего Марадона кој беше селектор на Аргентина на тој неславен Мундијал за нив, не бил посебно ожалостен. „Мило ми е што умре. Поради него изгубивме на Светско првенство“, рекол Диего.

ЗАНИМЛИВОСТИ - РУСИ САКАЛЕ ДА ГО КУПАТ ЗА 100.000 ЕВРА

Еден шпански бизнисмен нудел 30.000 евра за да го донесат Пол на гастрономски фестивал како гостин. А обложувалницата „Лига Ставок“ од Русија нудела 100.000 евра да го донесат октоподот Пол во Русија.

Од Мадрид кој бурно ја славеше Светската титула 2010-та сакале да го заштитат. Пред октоподот да умре, локален акваирум гарантирал грижа за него и бил спремен да плати колку треба.

„Не преговараме со зоолошка градина во Мадрид. И не знаеме ништо за размена на Пол за други животни“, рекол портпаролот на аквариумот од Оберхаузен. Во август се појавила апсурдна вест: октоподот Пол бил повикан да биде амбасадор во кандидатурата на Англија за домаќинство на Светско првенство 2018. Можеби поради фактот што Пол е роден во Англија. Но октоподот починал во октомври 2010-та од старост. Во Оберхаузен тој ден ги спуштиле знамињата на пола копје.

„Успехот на Пол беше важен колку и самото Светско првенство. Размислуваме на нашиот имот да му поставиме мало спомен обележје со скромен споменик. Иако такви почести за морско животно може да изгледаат чудни, Пол стекна огрома популарност во тек на својот живот, така што ова изгледа најприкладно решени“, рекол директорот на аквариумот во Оберхаузен.

И му кренале споменик во чест на Пол.

Неколку години подоцна се појавија многу нови претскажувачи - ги бараа насекаде, дури и во Сахалин во Русија (октоподот Пашка). Во аквариумот во Оберхаузен се појавиле многу октоподи кои пробувале да погодат резултати, но никој никогаш не го надминал легендарниот октопод Пол.

28 јуни 2024 - 09:17