Германија веќе сега има најдобар турнир од последните 3 големи првенства

Германската фудбалска репрезентација игра супер Европско првенство и веќе се пласираше во 1/4 финале каде ќе ги чека класикот со Шпанија. Селекторот Јулијан Нагелсман донел некои нови ветришта во репрезентацијата на Германија и тоа е видливо.

Јулиан Нагелсман (36) кој стана најмладиот селектор на Германија во историјата, набрзо по седнување на клупата:
- ја сполоти соблекувалната;
- ја вовел својата идеја на фудбал и Германија е интересна за гледање за разлика од скоро кога не знаеа кај тераат;
- ја направил репрезентацијата и медиумски привлечна, учествувал во скоро сите ПР кампањи.

Германија долго време се бараше себе после Јоаким Лев и очајните партии со Ханси Флик, на последните три првенства  (Светско 2018, Еуро 2021 и Светско 2022) не стигнуваа ниту до четвртфинале.

Веќе овој пласман во четвртфинале е голем успех за Германија ако се земе предвид дека претходно разочаруваа максимално на дури три големи турнири. И успехот е поврзан со селекторот Наелсман иако 1/4 финале за фудбалска велесила како Германија е секако малку.

„Националмајншафт“ веќе не е инфериорен како до неодамна кога врза една долга серија порази. Овој тим навистина има капацитет да стигне до полуфинале. Но факт е, и треба да се признае дека Германија се уште не се сретнала со посилни, поголеми репрезентации на Европсково. Играа во група со Шкотска, Швајцарија и Унгарија. После ја совладаа Данска во 1/8 финале со голема доза на среќа затоа што на Данците им беше поништен гол поради милиметарски офсајд од врв на копачка.

Германија е Германија, заверија четвртфинале

1 јули 2024 - 08:40