Федерацијата соопшти дека веќе три месеци не може да постигне договор со владата и се жали дека Министерството за спорт им се меша околу распределувањето на парите за тв правата.
Тие се незадоволни што добиваат само 4,55 проценти од тие приходи и тврдат дека никогаш не им било дозволено да најдат решение со кое би го приближиле шпанскиот фудбал до колективни договори за тв права, а не индивидуални.
Од фудбалската федерација на Шпанија најавуваат дека штрајкот дефинитивно ќе биде спроведен и можно е да биде проширен кај судиите, тренерите и регионалните федерации.
Проблемот со тв правата во Шпанија е што најголемиот колач го земаат Реал Мадрид и Барселона, за разлика од Премиер лигата каде парите се делат по основ на гледаност и успехот на клубовите.
Доколку во меѓувреме не се постигне решение, тоа значи дека нема да ги гледаме последните две кола од Примера, како и финалето од Копа деl Реј меѓу Барселона и Атлетик Билбао кое се игра на 16 мај.