Статусот на Златан Ибрахимовиќ во Франција е најлош од кога игра во оваа земја, а според анкетата на Ле Паризиен, секој осми од десет анкетирани има лошо мислење за Ибракадабра.
Во март минатата година, на анкетата со исти прашања, убаво мислење за Златан имаа 62% од луѓето, што значи дека напаѓачот за една година многу го расипал позитивното мислење за него.
Ваквата промена доаѓа по неодамнешниот скандал, кога се појави снимка на која Златан Ибрахимовиќ по дуелот со Бордо во соблекувалните викаше „Фудбал играм 15 години, но во посранава земја (Франција) никогаш не сум видел добро судење. Оваа земја не го заслужува ПСЖ“.
На прашањето на Ле Паризиен дали ги погодило ваквото мислење на Ибрахимовиќ, дури 77% изјавиле дека високиот центарфор ги разочарал со коментарот. Златан подоцна се извини за коментарите, иако дебатата стигна дури до француското собрание.
84% сметаат дека Ибра секогаш е непотребно нервозен, 77% го сметаат за себичен, а најразочарувачки по Златан е процентот од 38% кои и натаму веруваат дека тој е харизматичен. 66% од анкетираните рекле дека Ибрахимовиќ создава негативна слика за ПСЖ.
Во меѓувреме се огласи и тренерот Лоран Блан, кој изјави дека Златан имал тешка сезона со многу повреди и дека заслужува луѓето да му дадат шанса да покаже дека не е лош човек.
Од друга страна, Ибрахимовиќ си ја врши работата на теренот. Во петокот постигна хет-трик во триумфот на ПСЖ од 3-1 над Лориен во Париз. После натпреварот на Инстаграм постираше слика, за сите оние што се прашувале каде исчезнала топката.
Хет трикот на Ибрахимовиќ во петокот:
Реакцијата од минатиот викенд кога го навреди францускиот народ: