Капитенот на Јувентус Џорџо Кјелини пред неколку дена ја доживеал најтешката повреда за фудбалер: скинати предни вкрстени лигаменти. Го чека пауза од неколку месеци, а големиот фајтер дојде на клупата за резерви на мечот против Наполи со штаки. После натпреварот отиде да го теши Кулибали.