Шчесни доаѓа во клуб кој 24 часа е под лупа на медиумите и на моменти играчите не можат да дишат од притисоци и натписи.
Каталонските медиуми го критикуваат поранешниот голман на Јувентус бидејќи бил пушач, а на социјалните мрежи се врти фотографија од него, која смрди на монтажа, како прави селфи пред седиштето на Барса со цигарче.
„Никој не треба да се занимава со тоа што пушам. Некои работи немам намера да ги менувам. Тоа не влијае на она што го правам на фудбалскиот терен, а не пушам пред на децата за да нема лошо влијание врз нив. Јас се обидувам да го сокријам тоа, не пушам пред други луѓе и ако некој мисли дека ќе го променам мојот животен стил како голман, нека размисли уште еднаш. Сакам да ми судат според она што го демонстрирам на теренот, а не според некакви приказни“, одговори Шчесни на критиките.
Инаку на полскиот голман треба да му се верува дека цигарите не му влијаеле на играта. Теза која држи вода, особено откако ќе видите кој сè пушел.
Мислевме Дарио Хубнер е единствен во историја која палел цигара на глупа, а таков да ти бил и Алфредо Ди Стефано. Со цигара на нет „ги фативме“ и Роберто Карлос, Роналдо, Просинечки (за него се знае), Зидан, Пике, Ешли Кол, Снајдер, Верати па дури и еден Јохан Кројф.
Чуден одговор на Роналдо кога Шчесни му кажа дека потпишал за Барса