Фонсека од кола соопшти дека повеќе не е тренер на Милан
Милан и Рома одиграа 1:1, натпревар по кој веднаш е отпуштен Пауло Фонсека, кој очигледно не ги оправдал очекувањата. Португалскиот стратег им потврди на новинарите дека заминува. „Да, зборував со раководството, не сум повеќе дел од Милан. Тоа е, свесен сум и смирен дека направив сè што можев“. Милан е осми на табела со 27 бода и натпревар помалку.