Делириум во Рим, 10.000 навивачи на Лацио не спиеја

Фудбалерите на Лацио оваа сезона два пати се враќаат како херои од Неапол. Првиот пат ги елиминираа Наполитанците во полуфиналето од купот, а сега сликата се повтори, но во нивниот тренинг центар имаше уште поголема еуфорија и поголем број на навивачи кои 8 години сонуваа за Лига на шампиони. 

Тренерот на Лацио Стефано Пиоли правеше селфи со навивачите во 4:00 наутро

Како третопласиран, тимот од Рим за пласманот по групи во ЛШ ќе треба најпрво да ја мине плејоф фазата, за која ќе има ждрепка на 7 август.

Атмосфера од Формело каде навивачите ги пречекаа хероите

Сите голови со коментар на Гвидо де Анџелис, новинар и голем навивач на Лацио со кој во Скопје се сликаа македонските лацијали и зборуваа кај него емисија. 

 
1 јуни 2015 - 11:22