Чудните коинциденции на најголемото турското дерби

Фенербахче и Галатасарај се среќаваат оваа сабота во меч кој многу, ама по многу нешта наликува на една нивна средба од 2012-та година. Како е можно толку да се поклопат фактите?

Тренерот на Фенербахче Ајкут Коџаман се врати на кормилото оваа сезона по неговата оставка во 2013-та година. Им беше тренер од 2010-та до 2013-та.
 
Тренерот на Галатасарај Фатих Терим исто така се врати на старо место оваа сезона и си замина исто со Коџаман во 2013-та.
 
Овие две екипи со овие две тренерски имиња одиграа првенствен натпревар на 17-ти март 2012-та, а овој викенд мечот го играат на истиот ден 17-ти март 2018-та.
 
Коџоман и Терим се повторно ривали во истите улоги на истиот ден. И тоа не е сè.
 
Коефициентите во кладилниците се повторно исти како тогаш. 2.00 за Фенербахче, 2.65 за Галатасарај и 3.10 за нерешено.
 
Кој ќе биде судија? Булент Јилдирим, истиот кој им судеше и тоа тоа дерби :).
 
Резултатот на тој натпревар пред шест години беше 2:2 и сега останува да видиме дали е можно и тоа да се поклопи.
 
Ова ќе биде 387-ма нивна пресметка во сите натпреварувања. Фенербахче има 147 победи, Галатасарај 123, а 117 средби завршиле без победник.
 
Во Турција се води жешка битка за титулата

15 март 2018 - 14:24