Тимот на Симоне Инѕаги е во лоша серија од вкупно шест меча без победа на сите натпреварувања од кои четири во првенство.
Нападот воопшто не им функционира, бидејќи Лукаку, Кореа и Лаутаро Мартинез промашуваат од каде стигнат. Дополнителен проблем им беше легендарниот Мексиканец Очоа кој беше фантастичен на голот.
Интер беше во водство 84 минути откако Робин Госенс го отвори резултатот во 6-та минута. Но Антонио Кандрева израмни во 90-та со голчиште кое не се гледа секој ден.
Промашувањето на Лукаку за кое зборуваат сите
Исто како и лудоријата од погодок на Кандрева