Челси е прв со 64 бодови, така што тешко остварливо е тимот на Мурињо да клизне четири позиции, па за останатите три места кои водат во Лига на шампиони ќе се борат шест екипи: Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Саутемптон и Тотенхем.
Во игра остануваат уште максимални 27 бодови затоа што до крајот на сезоната во Премиер лигата каде завесата се спушта на 24 мај, има уште 9 кола или 9 финалиња за тие што сакаат пласман во Лига на шампиони.
На хартија се чини најлесен распоред имаат Тотенхем и Саумтептон, но со бодови тие стојат полошо од фаворитите и редовните учесници во ЛШ.
Манчестер Јунајтед ја подобри формата и е на само два бода до градскиот ривал, но на нивниот календар следат тешки испити против Ливерпул, Манчестер Сити, Челси и Арсенал.
Избраниците на Брендон Роџерс годинава играат во одлична форма, а тоа го покажува податокот кој вели дека во 2015 година се без пораз во Премиер лигата.
Директна битка за позициите кои се им приоритет секоја сезона на гигантите ќе гледаме следниот викенд затоа што на Енфилд Роуд се игра дербито Ливерпул – Манчестер Јунајтед.