Беше ли Холандија оштетена од контроверзниот судија обвинет за валкани игри?

Холандската фудбалска бајка на Европското 2024 заврши во полуфиналето после болниот пораз 2:1 од Англија со гол примен во последните секунди од основното време. Холанѓаните се бесни и лути на главниот судија на мечот Германецот Феликс Цвајер.

Холандија поведе прва со преубавиот гол на Чави Симонс но Англија набрзо израмни 1-1 со гол од спорен пенал направен врз Хари Кејн од десниот бек на Интер Дензел Думфрис:

Контакт меѓу десниот бек на Холандија и капитенот на Англија имаше сигурно но се случува откако веќе Хари Кејн упати шут кон голот на Холанѓаните и промаши.

Главниот судија на мечот Феликс Цвајер отиде да гледа ВАР снимка и набрзо досуди пенал. Тоа ги разгневи Холанѓаните а најмногу капитенот Вирџил ван Дајк кој урлаше по судијата.

Доби и жолт картон поради протести а после натпреварот Ван Дајк изјавил: „Судијата истрча во соблекувална во истиот момент кога и означи крај на мечот и тоа доволно многу говори“.

Феликс Цвајер во текот на мечот неколку пати ја сецкаше играта поради стини прекршоци а при резултат 1-1 во финишот не досуди чист корнер за Холандија откако стоперот Џон Стонс ја исфрли топката во корнер со глава.

За тоа дека одлуката за пенал е многу спорна говорел и Гери Невил некогашниот десен бек и капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација.

„Гледајте, како бек мислам дека е апсолутно срамна одлука. Мислам дека е апсолутно срамна одлука. Да дадеш таков пенал против мене во кое било време, но на вака важен натпревар. Бев бесен поради пеналот за Данска пред некоја недела, за раката, тоа беше исто срамно, бев вџашен“.

Морам да кажам, оди по природен пат да се обиде да го блокира шутот, не е пенал за мене, не е ни близу пенал. Морам да кажам дека и мислам дека многу играчи на Англија не бараа пенал.

Мислам дека во шеснаесетник одбранбен играч треба да има лиценца да оди поотворено и да блокира шут. Мора да има дозвола да блокира шут во спротивно никогаш нема да блокираат шут.

Хари очигледно падна, можеби имало контакт со него но никако не е пенал ова за мене. Но очигледно Англија има среќа зошто играше добар прв дел“.

ЦВАЈЕР ГО ПРАТЕЛ ГОЛЕМ СКАНДАЛ

Во 2006-та година Феликс Цвајер признал дека земал пари од суспендираниот судија Роберт Хојзер кој бил обвинет за местење натпревари. Цвајер добил шест-месечна суспензија од германската фудбалска федерација DFB затоа што бил еден од официјалните лица кои му дале зелено светло на обвинетиот Хојзер.

Цвајер станал судија во елитната Бундеслига во сезоната 2009/2010 и од тогаш суди и натпревари во Лига на шампиони и сега на Европско.

Во 2021-ва година за време на големото германско дерби Борусија Дортмунд - Баерн Минхен постојано го навлекувал гневот на фудбалерите на Дортмунд а кулминацијата на мечот била кога досудил пенал за Баерн Минхен по спорно играње со рака на Матс Хумелс.

Тогаш Џуд Белингем јавно пред камери изјавил како „се чуди како е можно да се стави судија со контроверзно минато и обвинение да го суди најголемиот меч во германскиот фудбал“. Германската федерација веднаш го казни Белингем со дури 40.000 евра казна.

11 јули 2024 - 08:54