Кралевите добија пенал со помош на ВАР на 10 минути до крај при резултат 1:1. Го шутираше оној врз кој беше направен, Карим Бензема.
Но на францускиот голгетер очигледно му поминаа низ глава последните не баш далечни обиди од пенал против Серхио Ерера, па биеше со сета сила за овој пат да не може да му ја фати.
Но ја погоди пречката и Реал остана само со бод од овој дуел. И сега внимавајте на податоков: Бензема има пет утки од пенал за Реал, а три му се токму против Ерера и тоа сите оваа година.
Karim Benzema has only ever missed 5 penalties for Real Madrid.
— Sam Leveridge (@samleveridge) October 2, 2022
3 of them have come against Sergio Herrera in 2022.
Голманот на Осасуна во април годинава му фати два на ист меч во рок од 7 минути.