Еден од најдобрите белгиски фудбалери, Ромелу Лукаку, кој има африкански родители но е роден во Антверпен, прв бурно реагираше на карикатурата на весникот Het Nieuwsblad.
Во најтрофејниот белгиски клуб Андерлехт, новиот претседател Воутер Ванденхојт пред неколку дена го отпуштил спортскиот директор Мајкл Вершурен.
Весникот објавил карикатура како Ванденхојт со колено го гази преку врат Вершурен, а сликата е пропратена со наптис: „Purple Lives Matter“ (Purple е прекарот на Андерлехт).
@Nieuwsblad_be what the fuck??? Vinden jullie dit grappig fzo??
— R.Lukaku Bolingoli9 (@RomeluLukaku9) June 3, 2020
This is belgium newspapers ladies and gentlemen trying to associate some issue in football with a brutal murder... stupid dumb fucks pic.twitter.com/KiBPQKTs9d
„Ова е белгиски весник, дами и господа. Се обидува да асоцира некој проблем во фудбалот со брутално убиство... Глупаци“, пиша Ромелу на својот Твитер.
Инаку Лукаку се прослави токму во Андерлехт каде го имаше професионалното деби. За две сезони во клубот од Брисел постигна 33 гола на 73 натпревари после што потпиша со Челси.