Баерн се изнаигра и вечерва, ама во финале оди Реал

Гигантите на европскиот фудбал пружија уште едно атрактивно и содржајно полуфинале во ЛШ во кое повторно доминираше напаѓачкиот фудбал на Баварците. Момците на Јуп Хајнкес имаа повеќе од играта и шансите, но пак не ги искористија.

РЕАЛ МАДРИД – БАЕРН МИНХЕН 2:2 ( прв натпревар 2:1)

0:1 Кимик 3`

1:1 Бензема 11` 

2:1 Бензема 46`

2:2 Родригез 63`

 

1 мај 2018 - 22:43