Англија има страшен состав а селекторот шведска маса од играчи па кого попрво да викне

Англискиот селектор Гарет Саутгејт е на слатки маки. По којзнае кој пат има топ играчи на располагање па кога некој од нив нема да се најде на конечен список, јавноста бурно му реагира.

На конечниот список на Англија за ЕВРО2020 нема место за 7 фудбалери кои имаа сјајна сезона во англискиот фудбал. На Саутгејт му се замерува што викнал дури 4 десни бекови. Ама тој има оправдание.

КОИ СУПЕР ИГРАЧИ НЕ СЕ ВИКНАТИ ЗА АНГЛИЈА И ЗОШТО?

Арон Ремздејл (Шефилд Јунајтед), голман

На широкиот список на „Гордиот Албион“ имаше четири голмани: Дин Хендерсон (Манчестер Јунајтед), Џордан Пикфорд (Евертон), Сем Џонстон (Вест Бром) и Арон Ремздејл (Шефилд Јунајтед).

Првите двајца деновиве ќе водат главна борба за место во прв тим а трет голман сигурно ќе биде Џонстон од ВБА. Поради повреда го нема голманот на Барнли Ник Поуп.

По процент на одбрани Џонстон и Ремздејл се скоро еднакви (и двајцата имаат повеќе од 70% одбранети удари), но по број на одбанети удари Сем има повеќе од Арон (161 наспроти 145). Притоа Ремздејл втора година по ред испаѓа од Премиер лига (сега со Шефилд, лани со Борнмут). А и Англија У-21 за која брани Ремздејл не пројде група на младинското Европско.

Бен Годфри (Евертон), бек

Откровението на сезоната и најдобар млад играч во Евертон во избор на навивачите беше Бен Годфри. Тој доби повик од Саутгејт за пријателски средби откако младиот бек блесна кај Анчелоти сезонава.

Карло кој оди во Реал Мадрид, го проба Годфри и како десен и како лев бек и овој одговори беспрекорно.

Но конкуренцијата во одбраната на Англија е пеколна. Лево незаменливи се Лук Шоу (тим на годината во Премиер) и Бен Чилвел (европски шампион со Челси). Во центарот Хари Мегваер, Џон Стоунс и еден од лидерите на Астон Вила Тајрон Мингз. А десно четворица топ бекови: Вокер, Трипиер, Трент Александер-Аарнолд и Рис Џејмс.

Бен Вајт (Брајтон), стопер

Како и со Годфри, така и Бен Вајт се најде на поширокиот список и ќе биде голем залог за иднина на Англија но за сега нема место за него.

За стоперот на Брајтон се интересираат Ливерпул, Челси и Тотенхем и тој летово ќе направи голем трансфер.

Џејмс Ворд-Проуз (Саутемптон), среден ред

Во декември после мечот со Саутемптон, Пеп Гвардиола изјави: „Ворд-Проуз е најдобриот изведувач на прекини што некогаш сум го видел“.

Во февруари годинава Џејмс го постигна 10-от гол од слободен удар во 5 години. Во топ5 лигите повеќе има само Меси. Сезонава Ворд-Проуз има 8 гола и 7 асистенции што е фантастична статистика за централен везен играч.

И покрај тоа Саутгејт сака во среден ред да му играат играчи од подобро пласирани клубови на табелата. Саутемптон заврши 15-ти иако во ноември беше стабилно прва на табела во Премиер лига.

Џеси Лингард (Вест Хем), средина/напад

Најголема дебата во англиските медиуми створи неповикувањето на Лингард на Европско. Џеси изминатата зима отиде на позајмица во Вест Хем и просто растури со 9 гола и 5 асистенции на 16 меча за „чеканите“.

Но конкуренти на позицијата му се Мејсон Маунт кој беше клучен играч на Челси во освојување Лига на шампиони, Џад Белингем младото чудо на Дортмунд и Џек Грилиш капитенот на Астон Вила.

Саутгејт мерел според младост и карактер и сметал дека Лингард никогаш нема да биде цврст стартер за Англија. 

Мејсон Гринвуд (Манчстер Јунајтед), напад

Причината за неповикување на најголемиот талент во Премиер лига е очигледна. Мејсон од март месец влече една повреда чиј карактер уште не е јасен. Саутгејт не сака да ризикува со здравјето на 19-годишниот бисер за кого смета дека допрва ќе работи времето.

Оли Воткинс (Астон Вила), напад

Воткинс помина сјајна сезона со 14 гола во Премиер лига меѓи кои хет-трик против Ливерпул и два гола против Арсенал.

Лудата форма на Оли ја внесе Вила во борба за еврокупови а не за опстанок. Но за него немаше место на Европско покрај Кејн, Рашфорд, Стерлинг и Калверт-Луин.

Списокот на Англија за Европско 2021: