Сезоната 2015/2016 беше сезона на Лестер, клубот кој стана тема број 1 во светски фудбалски рамки откако во друштво на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем ја освои Премиер лигата.
Тоа што сезонава останаа без нивниот херој Клаудио Раниери, како и моторот на екипата Канте и паднаа речиси во зона на опстанок, не е причина да ги заборавиме. Лестер и покрај низата на проблеми играше во Лигата на шампионите.
И што е најважно како дебитант немаше епизодна улога, туку прво во групна фаза заврши на лидерската позиција, потоа во осминафинале ја елиминираше Севиља и стигна до историско четвртфинале каде достојно со вкупни 2:1 беше елиминиран од далеку поискусниот Атлетико Мадрид.
Респект за трудот, професионалниот пристап и упорноста. Од четвртолигашки со најбрзи чекори стигнаа до топ 8 во Европа. Навивачите на Лестер оваа ера на клубот на внуците ќе им ја раскажуваат користејќи ги овие 10 точки.
2008: Промоција во Лига 1
2009: Шампиони во Лига 1
2010: Плејоф во Чемпионшип
2011: 10-то место во Чемпионшип
2012: 9-то место во Чемпионшип
2013: Плејоф во Чемпионшип
2014: Шампиони во Чемпионшип
2015: Промоција во Премиер лига
2016: Шампиони во Премиер лига
2017: Четвртфинале во Лига на шампиони
Историската сезона за Лестер во Европа ја искоментира и Рио Фердинанд.
„Никој не очекуваше од нив да ја минат групната фаза, а камоли да стигнат до тука и да играат против Атлетико Мадрид, затоа треба да се земе предвид нивното срце со кое успеаа во ова. Треба да бидат горди на ова нивно достигнување со кое ја направија горда и Премиер лигата“.