10 анегдоти за најдобриот фудбалер на светот

Кориере дело спорт го открива минатото, детството и разни анегдоти за Португалецот кој утре вечер (20:45) во Торино ќе игра против Јувентус во полуфиналето од Лигата на шампионите.

1. Кристијано Роналдо ризикувал да го напушти фудбалот на 15 години, поради дисфункција (неправилна работа) на срцето. Ова го открила мајка му Долорес Авеиро за португалските медиуми.

2. Најдобриот фудбалер на светот има една коска повеќе кај зглобот на десната нога, појава што ја има околу 10% од светското население.

3. Роналдо е многу суеверен. Помеѓу разните ритуали, најмногу сакал прво да ја облекува десната штуцна и секогаш со десна нога влегува на терен од тунелот.

4. Во неговата луксузна вила во Мадрид е вградена машина за аеробик произведена во НАСА, а која служи за мерење на ефектите при трчање во простор без гравитација.

5. Во спортскиот центар на Реал Мадрид, Роналдо поседува приватен и луксузен апартман со број 118. Апартманот е на првиот спрат и во него се влегува само со отпечаток од прст.

6. Кристијано Роналдо имал тешко детство, пред сè кога неговиот татко Динис починал од алкохолизам на 52 години. Брат му Хуго исто така бил зависник од алкохол, но Кристијано Роналдо го вратил на прав пат после првите заработки од фудбалот.

7. Португалецот е бренд кој вреди 55 милиони евра за 365 дена. Заработува околу 150 илјади евра дневно и нешто помалку од 6 илјади евра во минута. Според пресметката на Дејли Мејл, од реклами и спонзори Роналдо заработува 35 милиони евра годишно а годишната плата во Реал му е околу 20 милиони евра.

8. Неверојатно, но вистинито, синот на Кристијано Роналдо е голем фан на Лео Меси. „Син ми те виде на телевизија и зборува само за тебе кога и да гледаме фудбал“, му кажа Португалецот на Аргентинецот на доделувањето на Златната топка во Цирих.

9. Во Мадеира, островот каде што е роден Роналдо му посветија една статуа висока 2 метри и тешка околу 800 килограми. Целата е направена од бронза.

10. Општо е познато дека Роналдо е гол-машина. За 5 сезони во Реал Мадрид постигна 269 голови. Најмногу даде во сезоната 2011/2012, вкупно 60 голови, а лани постигна најмалку 50 голови. Во прогрес секоја година даваше 51, 55, 60 и 53 голови. Кристијано се наоѓа на третото место најдобри стрелци во историјата на Реал Мадрид. Прв е Раул со 323 голови, а втор легендарниот Алфредо Ди Стефано со 308 голови.

Против утрешниот противник во ЛШ, Јувентус, Роналдо досега дал два гола на три натпревари.