Off Topic

БЈР Матрикс

Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален „почитувач на делото на Ингмар Бергман”, токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец.

Илон Маск: На факултет не ве учат туку ве примитомуваат

Откако речиси секоја лекција, предавање и учебник може да се најде бесплатно бидејќи осум милијарди носат библиотека во својот паметен уред, монополот на знаењето се урна за само една деценија. Но, звучните имиња на високообразовните институции не ја ажурираа цената. За таа цена младите луѓе биваат тестирани дали можат да бидат послушни и да извршуваат домашни задачи без да прашаат зошто. На системот му треба да бидете примитомени. 

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Македонска компанија може да го рециклира Светско

По промената на спонзорствата или договорите за опрема, огромни неискористени залихи спортска опрема често завршуваат за уништување. Ројтерс направил фин прилог за македонска компанија која во сорабoтка со својот холандски партнер им дава втор живот на фрлените фудбалски дресови, торби, капи....

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

Вака тоа изгледа

Колку вообичаен и секојдневен а драгоцено уловен момент од реалноста: она чувство кога зборуваш и едно време сфаќаш дека не те слуша.

Фатете нешто за Валентајн

До сите оние дечки кои се ужаснуваат кога доаѓа Денот на вљубените а тие немаат кому ни зумбул да подарат -  доста е очајување! Постои еден трик, еден потег кој гарантирано ќе ви го омрси овој Валентајн. Е сега, ќе има и модрици, ама тоа е...

Мајсторе, врти уште едно кругче

Ербас 380, на линија Бангкок - Хонг Конг, убер прва класа.

Анти - целулитен ритам

Настрана тоа што дечкото има уникатни инструменти, добар е. Е сега, факат, да беше и дупло подобар, никој немаше да го забележи да не беа инструментите.

Во слава на душманот на Тесла

Иако ние регионално навиваме за личанинот, Томас Алва Едисон е тема на овој наш омаж со ретки и бизарни снимки на изумителот со префригана смисла за бизнис. Да не му прегореше сијалицата, деновиве ќе имаше 166 години.

Знаете ли што е Данинг - Кругеров ефект?

Еден феномен отсекогаш близок до човекот но особено раширен со појавата на интернетот и неодминлив во коментирањето по веб. Или страдате или сте виделе луѓе кои страдаат од ова.

Ова не е смешно

Стара финта е тоа, кога ќе се навлечеш да правиш нешто пипаво на компјутер, па ќе се задлабочиш во задачата и одеднаш ќе те препадне некоја вештерка на екран и ќе те извади од памет. Овојпат не е вештерка. Овојпат претерале.

 

Запознајте се со "Harlem Shake"

Ова нешто се вика Харлем Шејк, и верувајте дека ќе го гледате следниот период. Не заради нас, него затоа што ќе отече на интернет. Целата работа почнува пред неколку месеци, во 2012-та, кога Baauer ја вади песната "Harlem Shake". Крајот на јануари, почеток на февруари се појавува едно сосема непотребно видео со играње на песната, не на цела, туку на едно 30 секудни од неа, и сега целата работа изгледа како да нема да има крај.

Вселенски џем сешн

Има песни на светов за кои со право може да се каже дека се светски. Оваа е многу повеќе и од тоа.

Луѓе од збор, и обратно

Ако ви понудиме сендвич, дали би нè бојкотирале? И нели тоа би било мазохизам? Сите овие зборови потекнуваат од имиња на познати, или помалку познати историски личности, научници и писатели.

Месечина, јој, јој

Добро, зошто дремеме тука? Зошто не сме во Велингтон, Нов Зеланд?

Фантастичната храна на Блументал

Хестон Блументал, сопственик на Дебелата Патка, 3 Мишелин Ѕвезди и човекот кој ја воведува молекуралната гастрономија, почнува со своето ново шоу - Fantastical Food. Тука имаме 15 епизоди од него.

Уметност на глава

Дајте му на човекот 90 секунди за да ви нацрта нешто. И нема да погодите што тој црта се додека не ви покаже како се гледа сликата.

Гадлив на вода

Чудесен материјал кој целосно одбива секаква течност од себе. Прашања од немирниот ум: што ако обложиш чамец? Лажица за супа?

Боб Марли е жив

Вчера ќе полнеше 68 години, да не се упокоеше. Ама, остајте ја неговата овоземна димензија. Типот и неговата музика и денес се живи и функционираат беспрекорно. Еве доказ за тоа:

Потеклото на белото месо

И денес го користиме тој израз, да го разликуваме белото месо од остатокот месо, најчесто од живина. А причината не е бојата туку срамот.

Мозокот на центрифуга

Нели од корен ќе го менуваат скопскиот Луна парк? Е па, еве ги нашите нарачки и научникот кој теба да биде најмен од Советот на Град Скопје.

Нaјдобрите рејверки, евер

Во комплетен дослух со своето тело, без трага екстази и ред бул во нив, го ситнат, растураат. Ајмо цури, да ве покажеме! 

Штики за хигиена у граду

Штики е едно пријателче кое треба да го имате и дома и крај себе. Да бидеме искрени, на Штики "му лепи рачето" ама токму затоа можеби ќе ви се допадне. Плус, луѓето се потрудиле видеото да го направат забавно и поразлично од останатите Топ Шоп реклами.

Камчатка, еве нè и нас!

Ова е одлична презентација за тоа зошто е измислен интернетот. Да можеме да кмишиме во нашите соби и канцеларии и одеднаш да се најдеме над Камчатка.

Магијата на акордите

"Loosing my Religion" од REM е една класична молска песна. Прештимана во дурска скала (а не е кавер, истата е), ја добивате истата песна со прилично поинаква емоција. Одлично!

Писоар маркетинг

Сакајќи да го фатат човек во најинтимниот момент, кога има најмалку работи кои би можеле да му го одвратат вниманието (без да ти влезат дома), рекламите решија да удрат на машките писоари и малку ја разиграат целата околина.