Тазе отцепен од Советскиот Сојуз, Казахстан (хинт: Борат) во 1997-ма година, под мудрото водство на големиот Нурсултан Назарбаев решава да го премести својот главен град, од проблематичниот граничен регион (Алмати), длабоко во своите северни степи.
Така настанува новиот главен град Астана, кој во превод значи Главен. Имало и предлог градот да се нарече Нурсултан, но скромниот предлог бил великодушно одбиен од самиот Нурсултан.
Оттогаш, Казахстан, земја ужасно богата со нафта и руда, решава да шприцне неброени милијарди долари во изградба на Астана која станува полигон на многу светски познати архитекти кои тука можат да си ги остварат своите најлуди фантазии, сосе кривиот шатор на Норман Фостер (горе) и се друго што ќе го видите подолу.
Нормално, оценки има секакви. National Geographic го смета за брутално грандиозен а на Гардијан му заличил на Вселенски брод среде степа.
Еве ги фотките: