Off Topic

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Што не кажаа медиумите

Американската десница тврди дека главните медиуми испуштиле доста битни работи во портретирањето на ликовите во случајот Мартин - Зимерман. Да потсетиме, судот го ослободи убиецот но јавноста застана на нозе против пресудата која се толкуваше како остаток од расната дискриминација.

Ја свири, ја топе

Кратка видео снимка од една венчавка во која нема да ве занима ни невестата ни младоженецот туку цело време ќе чекате да го видите криминалецот кој седи зад оргуљите.

Ова е вистински настан

Снимка од 90-те од акција на Јужно-африканските специјалци за спречување вооружен грабеж. Некаде после средина почнува холивудска акциона сцена.

Пазете се од жени со бебиња

Од секојдневието на еден човек кого искуството го научило никогаш да не им верува на жени со бебиња. Конкретнава, не само што лесно ја изгуби главата на своето чедо туку на крај го обвини и партнерот затоа што не можат ни пристојна носилка за бебиња да имаат. Но, барем насмевката ја нема изгубено.

Џек пот

Ако во несреќен случај изгубите една своја рака (ви ја одгризе лав,  ве стигне шеријатска правда и сл), отсега имате една секирација помалку во врска со својата нова телесна конфигурација. 

Старост исполнета со пиксели

Приказна за 97 годишниот Хал Ласко, поранешен графички работник и типограф. Пред 15-тина години почнува да го губи видот. Волјата за живот му ја враќа неочекуван ангел - програмот Пеинт на Мајкрософт. Оттогаш, 10 часови на ден, пиксел по пиксел, дедото си ја полни смислата на своите старечки денови.

Хаус, концентрирана верзија

Доктор Хаус траеше 8 сезони или 177 епизоди. Еве ја целата серија сведена во 7 минути и 41 секунда, главната приказна околу Хаус, без делот со работата и дијагнозите.

Нутела, гледаш ли ти ова?

Следниот game changer во нашите животи нема да бидат цвикерите на Гугл (ко да и ова што сега го гледаме без нив не ни е ту мач) ниту некој нов смартфон кој ќе ни понуди уште некој вишок гигапиксели. Тоа е тегла која се користи како кармин за да може конечно да ја надминеме искрената болка кога оставаме делови од нашата омилена мазалица во оние нефер ќошиња на дното или пак во онаа кривина при врвот која ни е недостапна ко ЕУ.

Во чест на пластиката

Еден денешен ироничен спот и една стара добра песна.

Интервју со Фидел Кастро

"Ако оваа револуција не успее, во Куба ќе имаме пекол. Чист пекол".

Или гаси мобилниот или дај во трета

Во автокомпанијата Форд се надеваат дека Американците можат да научат да користат и мануелен менувач во автомобилите кои ги возат. Па направиле менувач кој вибрира кога треба да се смени брзина.

Во каква кола треба да се вози Путин

Marussia Motors, првата руска компанија која почна да произведува премиум скапи автомобили, организираше дизајнерски натпревар за автомобил во кој заслужува да се вози рускиот претседател Владимир Путин. По добиени 100-тина решенија, одбран е убедливиот победник.

Како изгледа кога Ставревски зема кредит

Овие од Влада се прилично педантни кога нè бојкотираат за нивните кампањи ("заеби ги офф.нет, тие ич не ни се јасни") ама затоа ни се оддолжуваат со давање ексклузивни содржини за нашиот сајт. Од денешниот фид го одвојуваме видеото кое ни го пратија со шифриран наслов "ВКИКС(впј)ЗКОСБ", што на обичен македонски значи - Видете како изгледа кога Ставревски (во плавата јакна) зема кредит од Светската банка. Кул.

Хакирања на летната реалност

Некои од советите во ова видео се преоптимистички (дека никој нема да ти краде шампон), некои се блесави (со сладоледот), ама некои може да се пробаат (тоа со шишето или мравките). Нормално, прво се пробува она со хамбургерот пошто е all - season совет.

Паркур ми е, двор ми е

1) Вака изгледа лудо паркур движење преку најненормални пречки видено низ очите/кацигата на оној што се движи. 2) Исто вака изгледа движење по најнормална патека (улица, тротоар, скали) на човек ко се враќа дома со доволно пиво во себе.

While my guitar gently sleeps

Има луѓе што се изгорени да научат некој инструмент ама знаат дека немаат дарба. А малку треба за тоа. Само цврсто да заспиеш и да имаш талентирани другари.

Хеликоптер на човечки погон

Човек може да се дигне во воздух три метри и да лета 60-тина секунди, без никаков мотор или трето око за левитација. Потребна му е само една шклопоција која ќе ја видите на "повеќе"

Децата од How I Met Your Mother

Осум години на потиснати чувства, емоции, немање паузи за тоалет и генерално немање детство, децата на Тед по годините минати на кауч слушајќи ја бескрајната приказна на татко им.

Talking Heads на BBC

Во 1984-та, Talking Heads свират на Вембли, специјално за Channel 4 на BBC. Дејвид Брн е назначен за креативен консултант на 68 минутниот документарец Once in A Lifetime (познат и како Talking Heads Vs. Television) во кое има жив настап, интервјуа и бизарни видео материјали. Инџој.

Мечка страв, новинарка не страв

Во недостаток на соодветен видео материјал, новинаркава решава самата да "визуелизира" делови од својот прилог. А се работи за тоа што човек треба да прави ако се сретне со мечка. Со надеж дека мечката ќе има смисла за хумор или сочувство.

За чифт Адидас патики

Адидас отвора нова продавница за патиките на Дерек Роуз во Лондон. Го има само најновиот модел и секој пар е бесплатен. Секој што ќе влезе може од полица да земе само по еден пар. Цаката е што полицата е на висина на професионален кош - 3 метри. Кој дофати, зема.

Како се калеше виршлата

Да бидеме на чисто, нема видео што можеме да го пуштиме што би го натерало човек да не јаде виршли (или паштета). Плус, тоа не е ниту идејата на видеово. Иако можат да стават носени цокули внатре и да не се ни посомневате дека е нешто чудно.

Гето гламур

Чисто за документирање следната репортажа ја пренесуваме без никаков коментар. А има што да се каже.

Зборувајте им за утринската гужва

Пекиншко метро, линија 13, кое било утро во работна недела.