Off Topic

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Екс Југославија како расадник за Светско

Иако просторите на поранешна Југославија имаат население кое изнесува само 0,2 проценти од светската популација, фудбалерите со етничко потекло од овие краишта прават 7,6% од играчите на Светското првенство во фудбал 2026 година и играат во дури 28% од присутните репрезентации.

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Имам култура во мокраќата!

Во својата 26 годишна лекарска пракса, доктор Душанка Стевовиќ Гојдиќ ги запишувала интересните ситуации и поплаките на пациентите. Стотина такви се објавени во нејзината книга "Смеењето како лек." Мал избор од урнебесните исповеди на луѓето кои си имаат мака.

Брилијантноста на Крег Фергусон

"Кратко ни е времето на Земјата. Имаш датум, тире, и уште еден датум... и ние сме тирето, и не планирам да го минам зборувајќи срања со славни личности."

Концерт за пиано и изгор пиперка

Претходно на сајт ги имавме одсвирените политички говори на еден млад српски џез пијанист. Овојпат, нешто многу полуто.

Ако имаа детство какво што заслужуваат

Од малата Вијетнамка спржена од американски напалм до кутриот Ајлан Курди исфрлен на брегот на Турција, фотографиите на кои е овековечено детско страдање цел живот ги прогонуваат оние што ги виделе. За жал, ќе треба да ги видите уште еднаш, но само заради идеите на илустраторот Гундуз Агаев како требаше да изгледа нивното детство, доколку возрасниот човек не беше толкаво говно од човек.

Хафтор Бјорнсон и другарите

Бјорнсон е човекот што го глуми Планината, горостасниот лик во Игра на тронови. Во цивилка Бјорнсон е висок 205 сантиметри, тежок е 190 килограми (и ние се извадивме од памет, тежината му е според Википедија). Ова е Планината покрај двајца другари од Исланд.

Колку многу не знаеме за зависностите

Што предизвикува зависност од хероин? Хероинот предизвикува зависност од хероин. Ако 20 дена користиш хероин, на 21-от твоето тело веќе има физичка зависност од дрогата. Ама, има и едно "ама".

Поучно филмче за образовните реформи

"Два и два" е кратко и одлично филмче кое пред неколку години беше номинирано за наградите Бафта. Одвојте 7 минути за лекцијата "Колку се два плус два?" 

Со Адел се претера

Како ќе реагираа луѓето во 1946-та година на - деновиве сеприсутната  - нова песна на Адел. 

Мирот во правење столица

Или ние немаме видено или стварно нема нервозен дрводелец. Ако случајно сме во право и сме уденале дека ова второво е точно, тогаш со подеднакво издржана логика заклучуваме дека мирот им следува по основа на тоа што произведуваат нешто со сопствени раце, и тоа што никој не му се качува на глава на човек со секира во рака. Без разлика колку е ова неточно, едно крајно зен видео за целиот процес на правење стол сред шума. Цел, од стебло до столица.

Вие младите...

Инстант сок од портокал, стисни копче добиваш инстант забава, вртиш седум броеви и имаш инстант комуникација, сврти клуч стисни педала и имаш инстант превоз... Или на кратко, нема време во историјата кога старите не кенкале како на младите им е полесен во животот.

АТАКА, омилениот десничарски ситком на Бугарија

АТАКА е една крајно забавна ултра десничарска партија која редовно промовира крајно закрепостени идеи на редовни ултра-десничарски теми. И најголемиот дел од паниката што се крева кај нас околу тоа кој во Бугарија што рекол за Македонија, се однесува на изјави кои доаѓаат од АТАКА. Инаку, сама по себе, партијата во Бугарија е смешка.

Пиштолџијата и нараторот

Како и секоја добра вестерн приказна и оваа почнува со пиштолџија кој влегува во салун, и понатаму нараторот гледа да ја расипе со секој следен збор.

Гитарски муабети со Кит Ричардс

Малку зборува, малку фаќа гитара да засвири, пуши и мрмори. Се што треба да има едно мераклиско интервју со Кит Ричардс во кое баобабот објаснува како дедо му го мамел со гитарата која висела на ѕид, кој му покажувал финти и како му изгледа омилениот штим со пет жици.

Штетноста на смртта

Смртта, најужасното од сите зла, никако не се однесува на нас, бидејќи сè додека постоиме, смртта не е со нас; а кога смртта ќе дојде, тогаш ние не постоиме. Оттаму, таа не е грижа ниту за живите ниту за мртвите, бидејќи за првите таа не постои, а вторите веќе ги нема. - Епикур.

Како се минува пешачки во Ханој?

Улиците во главниот виетнамски град се една непрегледна река од автомобили, скутери и автобуси. Видејќи нема шанси да дочекаш луфта во таа низа, едноставно тргнуваш по пешачкиот. И се надеваш дека нема наш човек зад волан.

Првиот човек што истрча маратон без да зборува за тоа

Во потег без преседан, цел маратон и цели припреми за него една жена ги има завршено без за тоа да му спомне на секое можно човечко суштество што го познава.

Луѓе кои ги бива

Она што некогаш е тешко да постигнеш кај наш водоводџија, бербер или новинар. Да те фасцинира со она што одбрал да го работи, а не со мудрувањето на теми од општа пракса. Мал видео омаж за таквите луѓе, вистински нобеловци на секојдневието.

Како се слабее со пица?

Без секирација, нема тука никаква дубара. Во оваа варијанта пицата ги содржи сите намирници кои ја прават неодолива: крцкаво тесто, доматен сос, кашкавал, кромид, пиперка, салама по свој избор. Единствен проблем со неа е што може да се случи да убиете некого. Ако ви побара гриз.

Коњ или човек?

Знаеме дека овдешните дилеми најчесто се сведуваат на изборот змија или магаре, но, англиската љубопитност оди во друг правец. Спојлер: нема секс ама трае долго.

Чиста детска љубов

Од светот на најмладите ни доаѓа искра надеж дека не е сè отидено бестрага и дека и со нив еден ден ќе може човечки да се седне и да се подели трпеза. Месофилното крило на сајтов (друго нема) препорачува ова да се препее на македонски и да се изведува на секој училишен патронат во земјава. 

Мал манифест против денешнината

Маркирани. Исончани. Извежбани. Дипломирани. Вработени. Тимбилдирани. Ајфонирани. Чекирани.

Ако Гугл беше човек, 4-та

Кога веќе ти тргнало, зошто да се мачиш да менуваш. (Ако може Умри машки, зошто да не може и за клип?)

Во чест на новиот премиер на Канада

Има 43 години се вика Џастин Трудо и го прекина 9 годишното владеење на конзервативците во Канада. Бидејќи ништо од ова нема да го запамтите, најдовме една "деновиве пред години" слика од него, во надеж дека ќе ви остави едно "е да, оној" сеќавање.

Сирија како видео игра

Морничаво чиста и квалитетна снимка од дрон од воените дејствија во Сирија. Маало Џобар, Дамаск, офанзива на владините сили врз бунтовниците. Снимаат Русите. И после бегале луѓето. Како бе да не бегаат?