Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

MoMA за вас прекрасни луѓе

Њујоршкиот Музеј за модерна уметност заврши со дигитализацијата на сите трудови од изложбите што се одржани во него од 1929 до 1989, и заедно со 33 илјади фотографии, 800 изложбени каталози и околу 1.000 документи поврзани со 3.500 изложби ги објави на интернет. Бесплатно. За некое време ќе има и апдејт за периодот од 1989 до денес.

Нашата историја во две минути

17 годишниот Џо Буш добива задача за завршен испит по монтажа да направи 2 минутно филмче и да раскаже приказна. Симнува куп фотографии од интернет, ја зема музиката од филмот Инсепшн и остатокот е сув талент. 

Да се врати "Домаќинство" во школите

Видеото и податоците се американски но ситуацијата е практично иста: дечурланава наскоро нема да знаат сами улица да пројдат, не па копче да си сошијат.

Патување до центарот на Земјата

Крајната точка, центарот, е на 6,37 милиони метри под нивото на морето, и таму е околу 6000 степени Целзиусови. По пат до таму треба да знаете дека најдлабоката точка во океаните се наоѓа на 11.000 метри под морското ниво во Пацификот, под ова нема вода.

Старецот и волето

Како и секој грубијан, Доналд Трамп со неверојатна леснотија ги расфрла своите навреди и омаловажувања на сите страни. За жал, секогаш ќе им публика за такви. За среќа, секогаш ќе има некој да им каже: Чекај бре, не оди тоа така.

Амазон, мито и корупција

Секој производ што се продава на Амазон подлежи на рецензии и оценки од купувачите. Некој што седнал да анализира 18 милиони оценки и рецензии, тврди дека бројките непогрешиво покажуваат дека секој оној што добил гратис производ во замена за рецензија, дал повисока позитивна оценка за истиот.

Пинг-понг глобтротери

Пинг-понг е еден од оние спортови каде успехот е составен од 50% талент и 50% да си Кинез. Овие скроз ги имаат покриено двете ставки, плус имаат додадено неброени часови вежбање.

И? Што не е јасно?

Избори завршени, гласачки ливчиња преброени, ХДЗ на власт. Екипа од хрватската Нова ТВ, оди на југ од земјата на две места каде ХДЗ освојува 85% од гласовите, и на север на место каде СДП има 65% од гласовите, и разговара со случајно избрани граѓани. Видеото посветено на сите (кои и да се) што некогаш за другите (кои и да се) помислиле "кој ви верува бе на лагите?"

Како девиците во рајот добија прекувремена работа

Група весељаци од Сирија, вооружени до заби, удираат на песна, сè додека еден од нив не решава да направи селфи, со телефон очигледно поврзан со експлозив. Без гајле, видеото е со хепиенд, дечките се дигаат во воздух.

Моќниот македонски спот за Христо Стоичков

Бугарите викаат: Требаше да дојде Македонец па да направи спот за Стоичков како што треба.

Не е вест кога куче лае на човек

Вест е кога човек лае на куче. Добро, не е вест, видео е. После кое некогаш ќе се зезнете и ќе се пробате со дога.

Најкреативните навреди за Доналд Трамп

Низ цела кампања Трамп дели навреди на секој што ќе му се најде на мета или е следен за требење, и овие навреди најчесто се на ниво на второоделенец: "лажго," "крадец," "мали"... Во исто време, комичарите не можат да се сопрат да го пердашат Трамп. Ова се дел од нивните собрани дела.

Ручек кај Реџепи

„Јадењето во ресторанот Нома во Копенхаген испадна најскапиот ручек што сум го имал во мојот живот. Па сепак од таму излегов со насмевка и едвај чекам повторно да отидам“, се вели во еден блог-запис. Како изгледа храната што чини 500 долари по човек?

Јас не би го пипал тоа

Бидејќи следниот пат кога ќе се видат, Доналд Трамп може да биде претседател на САД, Џими Фалон ја искористи нивната последна средба како цивили за да го допре и размрда тоа чудо.

Додека не дошол Пабло

Ако ја изгледавте втората сезона од Наркос тогаш ви е позната стаменоста и сериозноста на Дон Берна (дебелиот од кај онаа кучка Џуди) и решителноста и посветеноста на агентот Пења. Ок, а сега малку да излеземе од кадар.

Која ти е мајка?

"Најреалното Реално" е филм на Кери Браунштајн, направен за модната куќа Кензо. Малку чудна сатира на тема нови социјални медиуми. Нема да нè чуди ако тоа црното девојче, по мрежите веќе добива еден тон понуди за посвојување.

Заверата зад наочарите

Не е завера дека си слеп како лилјак и треба да носиш, тоа е реалност. Завера е што мислиш дека има десетици разни брендови и фабрики за наочари, кога над 80% од сите очила во светот ги произведува една компанија - Луксотика. Ова во исто време е и најдобро објаснување за тоа како може парче пластика да чини исто колку и добар смартфон.

Македонскиот јазик во дијаспора

Не може да се опише чувството кога ќе ве пресретне млад Индиец и ќе ви каже: „ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ ОД БАНИЦА, КАКО СЕ ВИКАШ ТИ?“ Од толку многу што ви е мило, ќе посакате да ја откриете тајната од каде и како тоа лице знае барем една добра реченица на македонски јазик. Одговорот се сведува на тоа дека Индиецот пораснал со бабата на својот најдобар другар, која за наша среќа и не знаела да зборува ништо повеќе од македонски.

Движења на кои годините не им можат ништо

Тони Базил е американска пејачка, музичарка, кореограф, денсер, режисер.... Тоа што во моментов треба да го знаете за неа е дека е родена во септември 1943 и дека денес има 72 години. Сè друго што треба да знаете за неа денес, го имате во следното видео.

Цимет во коса и Сибо во саксија

Ете го тазе спотот за песната Рубин на Баклава, единствената и затоа драгоцена македонска група која го негува жанрот "народно, а забавно". И овојпат се љубовни и разиграни и преубави. Чујте, почујте. 

Tишлер за анатомија

Има една мудра мисла, вика, ако размислуваш како чекан, во сè ќе гледаш шајка.

Опуштање стрес на дофат на рака

Без разлика како изгледа, производов е крајно унисекс и освен женска публика, ќе им се најде и на добар дел од машка популација.

Сè што треба да знаете за Епл од Стив Џобс

Пред 6 години Стив Џобс дава изјава на една конференција, која е актуелна како да ја дал на прес по објавата на Ајфон 7, се однесува на тоа како и зошто Епл одлучува да откачи некоја технологија.