Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Што ти значи Папа да си

Сонот на секој од нас, да се возиш со кола и одеднаш некој ничим изазван да те почасти со пица. И покрај сето она силно обезбедување, папамобили и булетпруф стакла, пицата стигна до клиентот. За носење му е.

За мексиканцките работи

Ќе ви се види позната оваа равенка. Има тројца во неа и секој секого мисли дека држи за јајца. И тоа е само почетокот.

Келнерски мистерии

Тројца мажи одат на ручек во ресторан. Секој од нив тројца го нарачува истото јадење, кое чини по 10 евра од човек. Кога завршиле, го викаат келнерот да му платат и секој му дава по 10 евра.

Жени, отворете душа

Во време кога единствено актуелно е што не можат да се разберат Македонци со Македонци, или Македонци со Албанци, да помогнеме да се разберат -  мажи со жени. Иако на мажи, и да им нацрташ, нема да разберат.

Македонци, каде е вашиот глас?

Локал-лингвал е интерактивна мапа со амбиција да стане Википедија на јазиците и дијалектите кои се зборуваат по светов. За нецели два месеца од постоењето ја имаат посетено 500.000 луѓе кои имаат оставено 18.000 различни гласови и изговори. Никој, од никоја општина во Македонија.

Партијата на навредените

Демократи, избори, Демократска партија, Трамп, претседател, Републиканци, политичка коректност, сељачишта, интелектуалци, навредени, образовани, што, како, зошто се случи, сумирани во 19 секунди од Бил Маер.

Готвачка поддршка

По принципот на техничка, само за готвачи. Ми загоре, го пресолив, ми остана, и слични разнебитувања на твојата верба дека те бива за готвење, одговарани и решавани лично од Гордон Ремзи.

Катна гаража „Ајде да летаме“

Убаво е да се знае разликата меѓу педалата за гас и онаа за кочница. Особено ако си паркиран во катна гаража. На седми спрат.

Како да не се плати данок

Бидејќи и кај нас се наближува крајниот рок за пријавување персонален данок, еве неколку луди примери од странски УЈП-а, како сè луѓето пробале да го избегнат и што сè им успеало.

5-димензионален политички компас

Тест од тие старинските, без шерување, логирање и слично, сам пред компјутер да ја провериш твојата политичка настроеност и кон која идеологија влечеш. Има листа од 30 прашања и ти треба само да ги искликаш.

10 непобитни универзални закони

Закон за веројатност - веројатноста дека некој те гледа е директно пропорционална со глупоста на тоа што го правиш.

Апликација за мапирање на ѓубрето во вашето место

Не сме сме умориле од објавувања на ѓубриштата во кои живееме, ама можеби ова ќе испадне ефикасна алатка.

Упатство за правење бизнис

Таткото: Сакам да се ожениш со девојка по мој избор.
Синот: Нe!
Таткото: Девојката му е ќерка на Бил Гејтс.
Синот: Ок!

Писмена работа по српско-хрватски јазик на тема Гоце Делчев

Стојим пред споменика Гоцета Делчева и размисловао сам. Топао је пролетан дан а ја сам ишао у парку на шетњу а нисам могао да не застанем пред спомеником. Јутарње сонце обасјао је негов лик, лишче су треперила на дрвеча. Ветрац је тивко дувао и миловао је моје лице са његовим нежним пердувима. Немогу а да не помислим на његова дела због кој ја живим данас у слободној држави уживајучи слободу коју дугујем токму Гоцету Делчеву и његова дела.

Оскаровски гневен Твитер

Уште една тура славни луѓе што читаат гневни твитови за себе, само овој пат собрани во Оскаровско издание со подеднакво достојна постава.

Поглед на Севница

Местото ви звучи познато затоа што го имате чуено на поминување, како родниот град на првата дама на САД, Меланија Трамп. Американците отидоа до Словенија да направат репортажа за местото во кое е родена и израсната "една од најголемите ќерки на Словенија". И вака, Словенија ко Словенија, мирно.

Како изгледале емиш & зарзават пред да ги упристоиме

За сите оние кои се убедени дека се борат за храна „онаква каква што ни ја дала природата“. Таква каква што ни ја дала, тие не би ја ни препознале како храна. Денешната „природна“ пченка е 1.000 пати поголема од природната.

Дебакл!

Не баш дебакл, ама одма е друго кога се прави драма. 4 дена пред наградите ни беа дадени 14 предвидувања за добитници Оскар, на другарска база му дадовме бонус од 2 грешки. Дојде време да се пресметаме.

Како знаеш дека бананата е зрела?

Што да прави човек среде луѓе со Туретов синдром? Да се изнапцуе на раат. Фино интервју со прочуениот невролог Оливер Сакс. Уште делот со боите да се оствари па сите оние околу нас кои се слепи за бои да развијат некои други вештини. 

Оскаровската торба со над 100.000 долари во поклони

Торбата ја добива секој можен номиниран за Оскар, а и покрај тоа ваквото раздавање нема врска со Академијата туку е дело на маркетинг компанијта Дистинктив асетс. Во неа поклоните почнуваат од лабело од 5 долари, па нагоре.

Искрени Оскари 2017

Во конкуренција се 9 филма, сите 9 излезени таман пред сезоната на наградите, да не случајно ги заборави некој, сите 9 изгледани од ретко кого што не морал да го прави тоа по службена должност. Ова се искрените трејлери за номинираните за Оскар.

Човек на денот

Во неможност да им помогне на животните како што сите други помагаат со лајкање и шерување на Фејсбук, или паламудење на Твитер, човеков земал цистерна и секој ден вози по неколку часа во еден правец за да им однесе вода на диви животни што живеат во сушните делови од Кенија. Патрик Килонзо Мвалуа не дека нема работа (земјоделец е) или дека "фатил проект", туку едноставно сфатил дека на животните мора да им се помогне, и тоа го прави.