Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Фотошоп функции на гардеробите за пробување облека

За нас дифтарите, тие гардероби се само за ептен кога мора да пробаш нешто и ги доживуваме како клаустрофобични катакомби во кои те фаќа склет и следствено, запотуваш мишка. Ама за женскиот свет тоа се храмови во кои посветено и трпеливо се менуваат мантии а се прават и селфија за да се покажуваат по другарки или инстаграми. Некои фирми добро знаат дека тие гардероби (дизајн, позадина, светло) се клучни за донесување одлука „што ми стои добро“.

Меланија на тркалезна маса

Респектабилен кастинг од филмски сценаристи (Педро Алмодовар, Том Форд...) и веќе во 5 минута се фаќаат за жена му на Трамп. Се разбира, како и пола свет, ја утнаа дека е од - Словакија. А за разбирање е, кој бил во Љубљана и Братислава, знае дека тоа се најдосадните градови во Европа. 

Бруслиевци од нашиот кокошарник

Кога човек е на своето работно место за кое е стручен, обучен, компетентен и во крајна линија - платен, а го гледаш дреме на Фејсбук расправајќи се на некоја пичкесиматер тема. Е тоа изгледа отприлика вака: 

Да ве запознаеме со Дигиталната библиотека на Македонија

Како дел од Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски, функционира нешто што се вика - Дигитална библиотека на Македонија. Називот е комплетно самообјаснив, одделот работи на дигитализирање на македонските книги и останатите печатени материјали (слики, разгледници, мапи) на тема Македонија. Се што ќе дигитализираат, или во пдф или во јпг, го ставаат кај нив на сајт бесплатно достапно за секого.

На бина со Газдата

Во видеото можете да уживате и без посебна најава. За еден друг занимлив детал: родителите на малиов биле пресреќни кога виделе дека некој ја снимал сцената и ја објавил на Јутјуб. Имено, никој од нив не помислил да штрака со мобилниот, да фаќа фотки и видеа и така да пропушти во живо да ужива во моментот. Ок, колку родители овде така би постапиле?

Како се снимаше Планета Земја 2

Идејата е врвниот документарец на Бибиси, да изгледа како врвен филм. Уште една работа, Бибиси снима документарци за природата од 1957 (за споредба Радио-телевизија Скопје почнува со емитување на ТВ сигнал во 1964).

Понеделнички машки заклетви

Едвај чекаме да дојде вторник па да почнеме да си ги пееме заклетвите, за следниот понеделник. Да, да, овојпат за озбилно :)

Мистерија на денот

Серија „Blacklist“, четврта сезона, 14-та епизода, 27 минута и 44 секунди. Пазете што има во втор план:

Видеоснимка од вистинско чудо!

Пастор како нашиот Тино, а исцелител како нашиот Иван, овој божји човек пред многубројна публика ја демонстрира огромната моќ на натприродното! Пред себе има жена на која левата рака ѝ е пократка од десната. Пред ваши очи таа рака ќе порасне таман за да биде пасент со другата! 100 пати да гледате, нема да најдете ништо кусо :)

Автоматски ланци за гуми

Малку доцна ни доаѓа ова ама може до следната зима ќе ги има овде. И онака стандардните ланци ретко кој возач знае да ги монтира.

Видео ефекти

Кратка демонстрација што може да се направи со дигитален композитинг или по нашки, видео ефекти. Ако ефектите ви се чинат неуверливи, одгледајте до крај. 

Храната пред да биде набрана

Додека храната уште е во природна околина, во "фабричкото" пакување, пред да биде препакувана за на полица или тезга. Со мали исклучоци ништо не изгледа како што ние мислиме дека излгеда.

Кражбата наречена сметка за парно

Човеков тврди дека српска Топлификација го краде цел Белград и остатокот од Србија каде има градско парно. Според него, тоа што имате калориметар ништо не значи, затоа што (да го објасниме ова на начин како што ние го разбравме) крајната цена на сметката е резултат на чиста магија.

Колку беше бескорисен интернетот во 90-те

Во негова одбрана не беше одвратен и мизерно невоспитан како денес, ама па беше така неупотреблив што комплетно ти разјаснува зошто добар дел од медиумите тогаш не ни помислуваа сериозно да ја сфатат новата играчка. 14 веб страни "што ја издаваат баналноста на раниот интернет".

Официјална џиу-џицу одбрана од Трамп

Џастин Трудо покажа како се блокира а сега една џиу-џицу академија постираше видео упатство како најефикасно се реагира на непријатниот начин на ракување на Доналд Трамп, кога ти ја држи раката и те влече кон себе. Зафатот се вика „гускин врат“ и ќе биде весело ако некој државник се охрабри да го изненади плавушанот и да му го демонстрира потегот.

Дизајнер, како тоа евтино звучи

Сите оние луѓе, што на сите оние дијзајнери, уметници, фотографи и слични занаетчии, им побарале да им сработат нешто гага па парите после ќе стигнат, олицетворени во колекцијата на една изгорена дизјанерка.

По пат одам, за пат прашам

Од рубриката што може денес да те дочека на автопат во екс-СССР: пилот слетува воен хеликоптер на автопат во Казахстан за да праша еден од камионџиите каде се наоѓа.

Што му одговорија Козаците на султанот?

Турскиот султан е Мехмед Четврти. Козаците се од Запорожје. Се спукуваат кај утврдувањето Сич, при што полошо минува османлискиот аскер. Набргу Козаците добиваат писмо од султанот. Набргу и султанот добива одговор од нив.

Сиромаштија, миграција & мастики

Ќе добиете фрапантна слика за проблемот со светската сиромаштија и луѓето што би сакале да избегаат од неа кога ќе ја видите оваа страшно ефектна презентација во која секој еден милион несреќници (луѓе што живеат со помалку од два долари дневно) се претставени со една мастика за џвакање (саказ, жвачка..). Во исто време, ќе ви стане јасно зошто се јалови обидите да им се помогне така што ќе бидат примени како бегалци. А постои само едно единствено решение. 

Биди човек, помогни му на Данец

Овој пат нема да можеш да си ја замачкаш совеста со лајкување или шерување статуси на Фејсбук, туку од тебе се бара конкретна помош - секогаш кога ќе видиш Данец / Данка на сонце, кажи им да се тргнат. Истото важи и за сите останати што се со гејша тен на кожа.

Јатото како организам

Движењата на јато птици (или риби) е една од најголемите мистерии на светов. Кој тука дава команда, како ова функционира, комплетно нејасно. Ние луѓето на зелено на семафор не можеме да тргнеме како што треба а тие во секунда синхронизирано менуваат правец. Како да се од друга планета. Или пак можеби ние сме од друга планета. Некоја која решила да се ослободи од својата шкарт роба.

Јутјуб шминкерница со татковски пристап

Како татко греота е да дозволиш ќерка ти да има над 30 видеа за шминкање на Јутјуб, а ти никако да не си направиш мерак од тоа, па макар тоа било и да коментираш едно цело нејзино видео за шминкање. П.С. во негова изведба ова некако звучи многу појасно.

Сам во рајот

Човеков живее на четири дена одење од најблискиот автопат, не од најблиската продавница, туку од најблискиот автопат. И ова не е некоја срцепарателна сторија за некој изгнаник отфрлен од цивилизацијата, напротив тој е оној што решава дека и дал доволно шанси на цивилизацијата, и дека ќе проба со самотија, сред национален парк.

Планетава полека останува без песок

Никогаш не сме помислиле дека песокот може да стане дефицитарна стока на Земјава. А така стоеле работите.