Off Topic

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Да не се поздравуваме

После долго боледување, последната желба на еден старец е цигара и чаша вино на кровот на болницата во која лежи. Вон сите протоколи болницата решава да му го овозможи ова. Случката е од Данска, и станува збор за универзитетската болница Архус.

Да те немаше ќе требаше да те измислиме

Не е еден човек, се знаат кои се, самите ќе се препознаат, а и вие ќе ги препознаете. И за тоа што го прават, човештвото треба да им е вечно благодарно.

Вежбајте го ова

Како да звучиш попаметно без да треба да си стварно попаметен? Едноставниот совет гласи: престанете да ги упоребувате зборовите или звуците кои обично ги користите за пополнување на реченицата. Пер, гарант е така, дефинитивно, мада, хмм..

Легендарниот концерт на Џемс Браун

Џемс Браун одржува концерт во Бостон, неполни 24 часа по убиството на Мартин Лутер Кинг.

Колку тежи вашата чаша?

Психолог држи работилница за менаџирање стрес. Во еден момент во рака крева чаша вода. Сите очекуваат дека ќе ги праша дали е полупразна или полуполна. Наместо тоа, таа вели: „Колку тежи чашава?“

Големината е релативна

И тоа не ти е само оправдание пред самиот себе (и другите што се засегнати).

Најнемерачките видеа на интернет

"Мерак видеа" се посебна подкатегорија на клипови кои се некако чудно релаксирачки и нејасно исполнувачки парчиња видео што прават да се чувствуваш како се да е во ред во светот. Е овие се скроз спротивни.

Сите погрешни лекции од детството

Освен забранетото седење на студен бетон и бањање со вклучен бојлер, од мали сме дресирани панично да се пазиме од промаја, да не излегуваме надвор со мокра коса и да пазиме некој да не ни стави дрога во пијачката. Тоа беа главните насоки за децата родени кон крајот на 20-от век и на сите ни беа јасни како ден.

Каде загина креативноста?

Модерно општество, родител, работа, обврски и дете. Само последново не се вклопува во правилата и навиките на останатие.

Ремикс со оџата

Туниските власти затвориле ноќен клуб откако утврдиле дека Диџејот на тоа кленовите им пушта ремикси во кои користи семплови од мујезин кој повикува на молитва. Тоа било света работа, не можело тоа така... Чисто да чуете како звучи. 

Кога тоа ви остареа желбите?

Собираат 50 луѓе и им поставуваат прашање: Ако можеш да смениш само една работа на своето тело, што би било тоа? Старите очекувано: кој уши, кој нозе, лузни, чело.... Ама, потоа на ред доаѓаат малите. А тие се: кога веќе прашувате.....

Маршот во брегзит

Прво освести се каде си, второ освести се дека не може да ја напуштиш Европа, туку само ЕУ, трето освести се дека не си заминуваш од рајот на Земјата, четврто не е страшно што си одиме од ЕУ, страшно е кој нè води, петто и последно - не марширај против резултат, ако си гласал на референдум тоа подразбира дека се волен да ги прифатиш резултатите од него. Џонатан Пај за почетокот на брегзит и непомирливоста со истиот.

Кој ќе проба со Каменица?

Новинар на Вашингтон пост пред две години прогласи едно место во Минесота за апсолутно најлошото место за живеење во цела Америка. Освен хејтање од локалците, добил и покана да дојде и да му даде втора шанса на местото. Денес живее таму. 

Ѓаволот е вистински

Пред да се нурнете во регуларната дневна доза гревови, чујте ги браќата Ајра и Чарли Лоувин и нивната реалистична нумера Satan is real од истоимениот албум (кој го има една од најдобите омоти, евер). Кој ја ислуша до крај, ни пеколот нема тешко да му падне.

Луи Ц.К: нема подобро од дремење

Нема, ни секс не е подобар од дремење. А кога сме кај сексот, Луи мисли дека човештвото може слободно да престане да снима порно, затоа што го има во изобилие и доволно е.

Лексикон на изрази

Брак: законско здружување на двајца луѓе за решавање на заедничките проблеми, кои инаку не би ги имале кога не би се здружиле.

Ќе држи

Цврстината и издржливоста на вселенските ракети денес се тестираат со скапа и софистицирана опрема. За издржливоста на конструкцијата, на пример, се користи 7 метарска вибрирачка платформа тешка 25.000 килограми во која треба да покаже како леталото ќе ги поднесе тресењата при лансирањето и летот. Назад во 60-тите години, тоа се правело малку поинаку.

Шишето што не пушта капка

Колку што ние следиме наука, ова е најголемото научно откритие во 21-от век. После три години експериментирање, човек од манчестерски универзитет го дизајнирал првото шише за вино кое ви заштедува сол. Пошто, нели, кога ќе ви капне црвено вино на чаршаф...

Нит нешто од ова ни текнало, нит нешто ќе запамтиме

Сите трупови како нас (на кои составување на играчка од киндер јајце им е фрустрирачки конструкциски проблем), ларпурлартистички се фасцинираат како на некои луѓе им текнуваат мали генијални финти околу поправки по дома. Бидејќи знаеме дека нема да запамтиме, го објавуваме на сајт да ни се најде некогаш при рака. А тогаш нема да знаеме по кој клучен збор да пребаруваме по сајтот. Фак.

Сам себе го урочил

Ние не смее да правиме грешки, рече Трамп. Пред да направи грешка.

Сè за љубов

Да го запознаете најјакиот фраер на оваа планета. Нема среќа да е атрактивен и веднаш да им падне во очи на женските, па затоа мора да се потруди. И не го мрзи да покаже дека го бива. А го бива многу. 

Знаци дека сте пораснале

Растенијата во вашиот стан се живи, но ниту едно од нив не може да се пуши.