Ако носите машки кошули, копчињата на нив обично се наоѓаат на десната страна додека на женските тие се на левата.
Историчари сметаат дека машките кошули така се закопчуваат заради начинот на кој мажите ги извлекувале своите мечеви. Тие обично се носеле на левата страна а се потегнувале со десна.
„Ако имал копчиња на левата страна, дршката на мечот би можела да се закачи за отвор во кошулата па секој сериозен мечувалец инсистирал да има копчиња на десната страна“.
За женските кошпули пак, причината е сосема поинаква. Во време кога се измислени копчињата, некаде во 13-от век, жените носеле кошули кои обично им ги закопчувале и откопчувале помошнички и слугинки а на човек спроти кошулата полесно му е да ја закопча/откопча ако копчињата се на нејзината лева страна.