Off Topic

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Црното море се омрси

Иако по претходните предупредувања за еколошка катастрофа во Црното море го обвинуваа дека ги плаши луѓето и дека ќе ја уништи туристичката сезона, неговите тврдења се чинат точни. Огромни дамки од нафта и мазут пливале по површината, најверојатно од протекувања откако Украинците удрија по руските рафинерии на нивниот дел од Црното Море. А дечкото вика, и неоправдано скапо било.  

Ако и ова не ѝ се бендиса за 8-ми март...

Дали твојата поубава половина сака да биде витка, стегната и секогаш во форма? Патем, дали таа сака сè да е чисто и педантно? Тестирајте ја нејзината искреност со овој подарок. 

Саат за озбилно

Во една тексашка недојдија започна изградбата на часовникот на Џеф Безос (Амазон) кој е замислен да нè служи 10.000 години тоест десет милениуми (може и подолго, живи били па видели). Висок 152 метра, механички нормално, ќе се напојува со термалните циклуси на деноноќието, ќе се курдисува според сончевото пладне а при конструкцијата биле земени предвид и очекуваните девијации на орбитата на Земјата во наредните 10К години. И ќе чини 42 милиона долари. Поентата му е човештвото да почнува да размислува долгорочно.

Лиам Галагер како Бранко Коцкица

Кога на нормален возрасен човек ќе му донесат на муабет куп симпатични дечиња, тоа секогаш е забавно. Кога такви ќе му ги донесат на човек кој е терсене, кавгаџија и намќор како Лиам, резултатот е уште позабавен. Многу јасно им објасни на клинците како се станува рок ѕвезда и не пропушти да го закуца Ноел, братот со кого нејќат да се видат.

Бил Гејтс против цени од супер-маркет

Откако внесе компјутер во секој дом низ светот, па се запна и ја порази маларијата, сега Гејтс треба да се соочи со еден од своите најголеми предизвици - да погоди цени на пет секојдневни производи од супер-маркет.

Како функционира праќањето пакети за еден ден преку цела планета

Федекс има повеќе повеќе авиони од Емирати, Етихад и Катар ервејс заедно. ДХЛ испорачува до сите држави во светот, вклучително и Северна Кореја. УПС лета до два пати повеќе дестинации од најголемата патничка авио-компанија во светот.

Потопена планета

Рио да Прата е главниот центар за екотуризам во Бразил кој меѓу другото нуди пешачење низ шума, нуркање, јавање коњи и слично потрошено време. Патеките за пешачење кои се како од разгледница, пред некое време се погодени од обилни дождови кои предизвикуваат поплави и нивно комплетно потопување под вода. Откако се поплавија, патеките под кристално бистра вода изгледаат уште помагично, како компјутерски генерирана филмска сценографија од друга планета или планетава откако глобалното затоплување ќе ја заврши својата работа со Јужниот и Северниот пол.

Магијата на „дипфејк“

Реалноста е дека на човек ова и да му малку сомнително на почеток, за некое време ќе препознае дека станува збор за монтажа. Реалноста исто така е и дека, апликациите за дипфејк монтажи и нивната верност со оригиналот само ќе напредуваат како што минува времето.

Бернајс пропаганда и Мајк Ват - Ништо нема да нè раздели

Родена сум тука и тука ќе се распаднам, тешко сум составена, брзо ќе се расклопам...Удирам на себе и никако да победам...Го легнувам цело Скопје за да заспијам, го легнувам цело Скопје за да сонувам....

Нема ти далеку да стигнеш со магија

Ќерка решила да му покажува фори од интернет на татко си. Човеков само што го апдејтуваше „не е од вчера татко ти“ во „мислиш јас не гледам интернет“.

Некој од нас не е во тек со времето

„Малиов“ е 17-годишен освојувач на златна медала во Пјонгчанг. Му даваат да чуе музика од годината во која што е роден - 2000, и да види што ќе препознае. Или ние сме стари и немаме поим што се случува во музиката, или он е млад и нема поим што се случува во музиката.

Та не е дедо само за сентиши

82-годишниот Џон Хетлингер е поранешен морнарички пилот и аеровселенски инженер, кој меѓу другото има работено на уредот што го поправил телескопот Хабл. Хетлингер веќе 15 години е во пензија, од тогаш пее караоке.

Како оди растењето месо во лабораторија

Најголемиот мајндфак околу месото од лабораторија е што тоа на големо се слави и се исчекува токму од луѓето кои не јадат месо и што уште не, под алиби дека не е здраво затоа што којзнае какви хемикалии и ГМО има во него. Како и да е, изгледа неизбежно дека еден ден месото од епрувета ќе стане стандарден дел од секојдневната истрага.

5 филтри на машинеријата на масовни медиуми

Во „режими“ имаш пропаганда, во демократии имаш „слобода на говор и печат“. Без разлика дали кај првите или вторите, целото дејствие се врши преку масовните медиуми. Ноам Чомски заедно со Едвард Херман во 1988-ма ја објавуваат книгата „Произведување согласност“ во која го демолираат тврдењето дека медиумите служат за контрола на политичката моќ и ја информираат и и служат на јавноста. Напротив, тие тврдат дека медиумите создаваат согласност од наша страна.

Само вистина - Вистинска

Расел Бренд има одлични подкасти на својот сајт. За последниот го набавил во моментов најбараниот соговорник на западната хемисфера, канадскиот клинички психолог Џордан Питерсон.

Ај уште еднаш да пробаме

По сите оние доктори, студии, мета-студии, мета-мета-студии, статистики, детална анализа на секоја поединечна состојка и сè што е човечки возможно да се направи, се добива впечаток дека на противниците на вакцини, поважно и од самото недавање вакцини на своите деца, им е да не бидат разубедени. Ама, ај уште еднаш да пробаме.

Првиот каталог на Вартекс, есен-зима 1966/67

Каталогот не е само за гледање туку и за нарачки, и е обид на Вартекс за да започне продажба преку телефон. Како што доликува на секоја ваква понуда и тука Вартекс ја плаќа поштарината и патните трошоци за испорака на нарачаната облека. На крајот од 1966 (каталогот важи од октомври 1966 до крајот на јануари 1967) курсот на динарот е 3,13 динари за 1 германска марка, или 12,5 динари за 1 американски долари. Според бројките од српскиот завод за статистика, тогашната просечна плата во Србија е околу 650 динари.

Антон, ти глуп ли си бе?

Човекот шпарта низ Јакутск (еден од најстудените градови во Русија) и лето и зима, и во вреќи собира ѓубре расфрлано по улиците и парковите низ градот. И така повеќе од 10 години. Парите што ќе успее да ги собере од ова, дал преку продаден отпад, дал преку донации, Антон Василев ги конвертира во помош за најсиромашните во градот. Насловот е едно од прашања што редовно му ги поставуваат на Антон.

Питерсон ликс

Неколку десетина илјади од вас го видеа фамозното интервју на Питерсон со Кејти Њумен кое го објавивме пред пар недели. Сега протекоа и нови, досега невидени моменти од таа конверзација. 

Попаметниот попушта?

Ако е тоа точно, тогаш овде имаме двајца паметни. Само што прво попушти стаклото а потоа и дечкото.

Куглање за Флорида?

Бројката убиени во средното училиште во Паркленд за сега изнесува 17 луѓе, а ужасот од масакрот е само надополнет со болната подлост на планот на убиецот. Според полицијата, убиецот влегол во училиштето за време на часовите, го активирал противпожарниот аларм за учениците да излетаат од училниците и да го наполнат ходникот, по што почнал да пука. Убиецот е вооружен со полуавтоматска пушка АР-15, димни бомби и гас маска.

Овие почнаа врати да отвораат

До сега ги имавме роботите на Бостон динамикс како одат стабилно и демонстрираат рамнотежа (како ниту еден робот пред нив) дури и кога ќе бидат шутнати. По ново, овие четвороножни машини научија да употребуваат квака.

Направи сам: семејна драма

Семејни парови од типот баба + зет, невеста + свекор/свекрва, седнуваат со неколку шишиња алкохол и почнуваат да си поставуваат прашања еден на друг (која по ред ти е ќерка ми, што мислиш за мене, каде прв пат сте имале секс со син ми...). Врват прашања, врви и алкохол. Ако ви држи, слободно пробајте ги прашањава.

Прописен даунхил со точак

Човек што на Водно ти објаснува дека он пази како се симнува со точакот по пешачка патека сред шума (на која меѓу другото има пензионери, деца, кучиња...) е на исто ниво како човек што на излегување од пијанка ти објаснува „ако имам пиено можам да возам кола, ќе пазам.“ Сигурно ќе пазиш, ама зошто некој да зависи од твоето пазење. Најди своја пустелија па внимавај само на својата глава наместо на уште десетици други. Пример како ѕверовиве.

Сите проблеми со лажирање на слетувањето на Месечината

Во 1960-те би било далеку поевтино да се испрати вселенско летало и да да се слета на Месечината, отколку целата работа да се лажира.