Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Сакаме и кај нас: Денот на тишината

Еднаш годишно, луѓето на Бали го почитуваат стариот хиндуистички празник Нуепи кога 24 часа не само што престануваат да работат, туку престануваат и да зборуваат. Никој никаде на оди, дента не палат ни светла. Тоа им е своевиден спиритуален ресет, време во кое можат да застанат и да се сретнат со себе. Кај нас празниците обично значат поголема бучава. А бучава често се прави за да се маскира празнината во себе. 

Сељаци, сељаци, ама со јак продуцент

„Зелката има кошули триста“ но не е далеку од тоа ни песната Y.M.C.A. на Вилиџ Пипл, која не е само диско зицер кој знае да го размрда и Доналд Трамп туку и вистински продуцентски мастерпис. Од слоевитиот ритмички дел, дуплите гитари, дуплите клавијатури, вокалите.... секое делче легнува на свое место како во швајцарски часовник. Вивисекција на химната на Вилиџ пипл.

Мери ѝ го умот на Каја Калас

Кварната Каја Калас станува главен пропаганден ретард во ЕУ. Жената чиј татко бил функционер во советска Естонија, сега тврди дека Русија во последните 100 години нападнала 19 земји. Некои и по 3-4 пати. И дека ниедна од овие земји никогаш не ја нападнала Русија. Да упростиме: Русија ги нападнала кутрите одбранбени војници на Хитлер, некаде во предградијата на Москва и Ленинград.  

Апаши, од најголемите

Неплатените долгови, прекршените договори и двојните стандарди се најнеомилените темина „западните демократии“. Во времето на шахот Реза Пахлави, Иран на Британците им плаќа огромна воена нарачка вредна преку 400 милиони фунти. Од 1.500 договорени тенкови, испорачуваат само 158 кога паѓа шахот и доаѓа ајатолахот. Никогаш им ги немаат испорачано ниту пак ги имаат вратено парите. 

Трамп и Мамдани се од иста партија

Кога се сретнаа Доналд и Зоран, па уште таа средба испадна „ја тебе војводо, ти мене сердаре“, многумина (од двете страни) беа дебело разочарани. Како може овој мојот да се фемка со она ѓубре? Може, вика ова објаснување, бидејќи и двајцата ја играат истата игра и припаѓаат на истата партија - Партијата на вниманието. Тие луѓе својата политичка сила не ја црпат од идеи и проекти туку од нивото на допамин кое го предизвикуваат. 

Репликата на Владимир Путин

Казахстанскиот претседател Касим - Јомарт Токаев се залауфа во миротворна „give peace a chance“ насока па ќе рече: „Поседувањето нуклеарно оружје денес не е гаранција за безбедност и економски просперитет“. Таман и ние да воскликнеме „Така е, другар Токаев!“ и него и нас во реалноста нè враќа Владимир Путин: „И Садам Хусеин така мислеше“.

Мајчинско бранење идеологии

Истата енергија и инстинкти со кои еволуцијаа ги опремила луѓето да ги штитат своите млади од предатори, денес се користи за штитење на „каузата на месецот.“ Сексуалната револуција во 70-ите го направи сексот лесен и достапен. Ако е во право Маск дека и парите ќе станат „бесплатни“, паѓаат и двата главни еволуциски моркови за човекот. Каде ќе му оди енергијата?

Хуманоидните роботи на Иран

Иран месецов одржа меѓународен технолошки Експо (Киш Инокс Тек Експо 2025) со амбициозен наслов „Откриј ја иднината.“ За да демонстрираат дека и тие држат чекор со технолошкиот прогрес, како хостеси промовираа „хуманоидни роботи“ од нивно производство. Само што беше очигледно дека тоа не се никакви роботи туку двајца јадници (машко и женско) облечени во евтини бинарни креации.   

Рамбо: Десет албуми кои ми го сменија животот

И во она што го создава и во она што го слуша, Рамбо Амадеус е шармантно еклектичен. Вели дека неговите најбитни албуми никогаш не ги држел во раце бидејќи постариот брат, кој имал пресудно влијание врз неговиот музички вкус, инсистирал на магнетофон и ленти. Братот Андрија, на времето свиреше во словенечки бендови (На лепем пријазни и Отроци социјализма), а подоцна стана вешт аудио инженер и продуцент попознат како Дигитал Мандрак.

Каде се изгубија боите?

Видеото не дава одговор на прашањето зошто со текот на времето живописните бои исчезнаа од нашата околина и таа стана еднолична и главно монохроматска, но потсетува во кои се области тоа незебелажно ни се случи: кај автомобилите, домовите, рестораните, филмовите.... Кај нас пак, она шарените „шуто и рогато“ на Заев дополнително ни ја огадиja идејата за шарен свет.

Рецепти од ИКЕА?

Канадска Икеа нашла феноменален начин да ја промовира и прошири нејзината прочуена продукт -филозофија на сосема ново поле. Извадиле серија рецепти кои не мора ги читаш бидејќи на хартија за печење е нацртано што и колку треба да ставиш. Ќе го пополниш дијаграмот со намирниците, ќе ја стуткаш хартијата и правец во рерна.   

Информацијата е (топлинска) моќ

Ладната Финска се грее на информации. Просто. Информациите се складираат во дата центри. Тие сервери се ладат со вода при што водата се топли (Џејмс Џул и ние, тие сме тие за термодинамика). Финците нејќат да ја изгубат таа топлина па компании со огромни дата центри соработуваат со комуналните претпријатија за таа топлина да се насочи во греењето на домаќинствата. Ние на празни контејнери се палиме.

Ноќта на книжарниците

Додека ние са бавиме со „скандалот“ со Аца Лукас и неговиот лошо уфилман менаџер (види овде), во Буенос Аирес се одржа „La Noche de las Librerías“, еден од највозбудливите културни настани во главниот град на Аргентина. На улиците излегуваат стотици илјади луѓе за да разгледаат и купат книги во вредност од милиони долари. Можеме да замислиме тоа кај нас? Не можеме. 

Виртуелните касиерки на Њујорк

Минималната плата во Њујорк во 2025 година е 16,50 долари на час. Но, ресторани и други угостителски објекти во Менхетн, Квинс и Џерси нашле начин да го заобиколат тоа. Наоѓаат работници од некои светски џенеми кои примаат нарачки за храна закачени на онлајн камери. И онда нив ги плаќаат 3,25 на час. И не само тоа, овие места и натаму инсистираат на регуларен бакшиш од 18 проценти.

„Judgement Day“ ќе почека

Пед некој ден Русите извадија свој хуманоиден робот кој испадна плукнат Русин какви што сме се изнагледале по алкохолизираните руски видеа. Тргна, се затетерави и љосна на фаца. Но, не е само тој. Имаме и мала компилација од роботски утки после кои може да накривиме капа и да си кажеме, дечки, имате уште муви да лапате.   

Овошна измама во топла шоља

Хрвати решиле да ја проверат содржината на неколку овошни чаеви кои ги има на нивниот пазар и утврдиле дека овошјето го има главно на - сликата на амбалажата. Некои од чаеви содржеле само 0,1 процент од овошјето кое го претставуваат а некои (дури) 0,5 проценти, но само како комиње, онаа џибра што ќе остане откако на овошјето ќе му ја земеш душата. 

Не лови - вдоми

Добар човек наидува на вирче кое пресушува а во кое се наоѓаат стотици мали, штотуку родени рипчиња кои се осудени на помор. Решава да ги спаси па ги префрла во поголемо езерце. Ама, не се забораваат. Ни тој нив, ни тие него. 

До културата е

Во Германија има мигранти од целиот свет. Меѓу другото и од Јапонија. Мала заедница е тоа, со 39.000 луѓе, од кои во 2003 година, само двајца биле осомничени за некаков насилен прекршок. Алжирци има уште помалку во Германија, 25.000, но нивната стапка на криминал е 135 илјади проценти повисока.

Алекса е новата Баба Рога

Видео компилација од мали деца кои имаат вистински страв од персоналниот гласовен асистент развиен од компанијата Амазон. На самото спомнување на името, нив ги фаќа уплав. Не е тешко тоа да се разбере: Алекса е нешто чиј глас постојано го слушаат по дома а никогаш го немаат видено.  

Нуклеарки за сиромашни

Поранешен контрактор за био-оружје на американската војска открива дека развивале био- оружје базирано на инсекти. Постоеле програми за масовно производство на крлежи, болви и комарци полни со смртоносни болести како чума, беснило или венецуелски коњски енцефалитис. Ефикасно и евтино: само 1,33 долари по човечки живот.

Автогол на кинеските коли

Кинескиот производител на автомобили „Cherry“ се обиде да го повтори фамозниот потфат на Рејнџ Ровер од нивната реклама "Stairway to Heaven" од 2018 година па и тие со нивно возило да ги искачат 999-те скали на познатата туристичка локација на планината Тианмен. Јако се прерачунаа. Ветија дека ќе ја платат направената штета а резилот уште долго ќе го носат.

Музички спој на вештачкото и интелигентното

Можете да мислите исто како нас, дека „Purple Rain“ на Принц е совршена и не може да постои подобра верзија од тоа. Ако, ама ај да чуете како таа звучи во соул шмек од 60-тите години. Еминем во ну-метал верзија што ќе личи на мешавина на Лимп Бизкит и Дистурбд? Фил Колинс и саксофон кој личи на Кенди Далфер? Нема бегање. Не дека ние луѓето веќе го отсвиривме своето ама и ова не се заебава. 

Кауција на денот

Ако поразговарате со наши угостители, ќе се изненадите кога ќе ви кажат што сè муштерии знаат да бутнат во џеб: соларници, пепељари, чаши, виљушки.... и тоа не од некои што се „usual suspects“ туку од „угледно граѓанство“. Еден бар во Белгија со 500 пива на лагер служи пиво во чаша за која и поштен човек би помислил дека би било фино да ја има за спомен. Ама ќе треба да си оди дома со една патика.

Урбан експеримент „3 за 100“

Го правеле ова и во некои други среќни градови, овојпат е во Токио. За да провери дали градот е навистина чист како што го зборат, дечкото шпарта десет минути по бела чорапа низ најгустио дел од градот. Експеримент кој може да се направи и во Скопје. Додуша, резултатот однапред ќе го знаете ама барем нема да кошта многу , ако уште можат да се најдат „3 за 100“ чорапи.