Мешано

Писмо од наставници до децата кои ќе полагаат екстерно

Пред да седнете и да го решавате тестот, сакаме да знаете дека не постои начин да се тестира сето она убаво што го имате во себе.

Го знаете ли Џира Дефакто?

Не го знаевме ни ние па наивно се впуштивме во преслушување на неговиот опус. Со болка во ушите, дефакто сакаме да го споделиме со вас.

12 заповеди од Рамбо

Бесплатни совети од светскиот мега цар за поквалитетен, содржаен и здрав живот.

До попарата и по неа

Сеќавањата се страшно неотпорни на манипулации. Свесно или несвесно, сеедно, секој од нас е способен за ретуширање на своето минато. Цедалките некогаш сакаат да ги пропуштат само убавите и сочни делови од нашите спомени. Талогот го фрлаат без да забележиме, или педерски го буткаат под тепих сè додека еден ден не се сопнеме од купчето, за никогаш повеќе да не станеме.

Амди версус Маја

Дозволете да овековечиме еден легендарен разговор меѓу Амди Бајрам и Маја Синадиновска направен пред многу години во емисијата на второнаведената. Во него, овие корифеи на нашата јавна сцена разговарат за неколку релевантни теми: од каде потекнуваат гатачите, што му претскажале тие на Амди, што симболизираат неговите 'ретки зуби', што ќе посака Амди ако фати златна рипка....

Киро на Фејсбук

Хронологија на еден Фејсбук профил, психологија на еден народ: некоја будалетинка отворила страница на име на Киро Глигоров и - како кленови на дудинка - луѓе веднаш помислуваат дека имаат директна врска со вистинскиот, одамна покоен Киро. Еве пар извадоци од комуникацијата:

У пизду матер, ми се падна Трендо!

Ќе ви соопштам една страшна вест за Македонија која на долг рок може рапидно да го зголеми и онака загрижувачкиот одлив на млади луѓе од земјава (феномен нагалено познат како 'бреин дреин', иако мене тој термин повеќе ме асоцира на атентатот врз Киро).

Не барај љубовни совети од техничка поддршка

Легендата вели дека сосема нормална девојка со секојдневни проблеми од типот љубов и тазе маж кој не ги исполнува очекувањата, решила да им ги довери на дечки од техничка поддршка, на нивен јазик. Се разбира, ѝ одговориле на истиот јазик.

Како да познаеш Балканци околу себе?

"Ако наидете на гласно смеење и го слушнете зборот 'политика', тие сме. Ние сакаме да пиеме ракија и да зборуваме за политика. Кога ќе се согласиме дека нашите влади не вредат за кавга, продолжуваме само со ракија".

Најдобро е да си глуп и убав

- Како би сакале да умрете?
- Со пиво во рака. Смртта да ми пријде на шанк и да ми каже "Тоа, лаву!"

Je suis - сè!

Социјалните мрежи донесоа модификација на познатото логичко-инаетџиско прашање: а зошто вие ги мачите црнците? Ви текнува дека така одговаравме на секое американско прашање за социјалистичката заостанатост, непостоењето на човековите права и слични прашања на младата (непостоечка) демократија.

Холивуд после аболицијата

Што би правеле денес и со што би се занимавале некои од најпознатите филмски негативци кога некој како Иванов би решил да ги помилува, во име на смирувањето на тензиите на филмското платно.

Рамбо собира пари за соларен брод

"Едрењето не е снобовско заебавање со прескапи бродови и чаталење пред сиромаштијата која се брчка во морето", вели Рамбо Амадеус кој на Indiegogo собира донации за супер идеја: реставрација на еден стар и насукан брод и правење од него соларна едрилица. И, му оди добро.

Правила за пиење

За гага пијачки, за частење пијачки, за односот на шанкот, на маса, за односот со девојки, со себе....

Корпоративен кодекс

Запомнете, вие одбравте да работите кај нас и ние сме тука да обезбедиме позитивно работно искуство. Затоа сите прашања, грижи, жалби, фрустрации, лутина, заострување на односите, инсинуации, наводи, обвинувања, размислувања, депримираност и слични информации, треба да бидат упатени на друго место.

10 работи за кои не знаевте дека ги измислиле жени

На жената не може да ѝ се препише само измислувањето на главоболката како метод за сексуална апстиненција. Таа има создадено многу практични работи кои секојдневно ги користиме. Моторна пила, на пример, е класичен женски изум. Мажот нека продолжи да се секира.

Плочата на Светлана Миљуш го освои Слеш

Во многу наврати сме ја споделувале нашата одушевеност од дизајнот на старите екс југословенски плочи (види ги препораките за Стевче). А веќе не сме сами, во бандата фанови се придружува и Слеш.

Апелот и програмата на Светланка

Од архивите на нашите минати веб животи вадиме еден прастар (уште марките се во игра) но очуван текст во кој се нудат шарени решенија за излез од кризата. Тогаш се мислевме многу паметни и не ја послушавме Светланка. И еве нè сега до каде сме. 

Јапонска анегдота на денот

Некогашниот американски компјутерски гигант ИБМ своевремено решиле пробно да изработат делови во јапонска фабрика. Во спецификација на нарачката дефинирале дека ќе толерираат најмногу три грешки во 1.000 парчиња. По некое време стигнала првата пратка од Јапонија со придружно писмо:

Со точки да не фрлате

Не знаеме дали знаете, ама слободно можете да ставите точка на вашата навика да кажувате дека вашата адреса на Гмаил е "име точка презиме". Небитна е точката.

Боб Дилан версус Звонко Бoгдан

Од една страна рок пророкот Боб Дилан, од друга панонскиот аристократ Звонко Богдан. Два комплетно различни света, две уметнички магистрали кои навидум никаде не се допираат. Па сепак, видете ја вие оваа коинциденција и поклопување на мотивите и интересите.

Како македонската кирилица страда од кириличните фонтови

За македонската азбука, и како некои кирилични букви преку најразлични кирилични фонтови успеваат да ни се протнат и веќе да се одомаќинат во кирилицата што секој ден своеволно ја користиме во надеж дека пишуваме македонски.