2. Користете различно значење на зборовите на вашиот противник, за да го побиете неговиот аргумент.
3. Игнорирајте го тврдењето на вашиот противник, кое треба да се однесува на некој детал. Наместо тоа, разберете го во сосема погрешна смисла и потоа побијте го.
4. До самиот крај кријте го вашиот заклучок од противникот. Од време на време мешајте ги вашите ставови додека зборите. Натерајте го противникот да се сложи со вашите ставови, без некаков редослед. На овој начин, сте ја скриле вашата поента се додека не ги добиете сите признанија потребни за да ја постигнете целта.
5. Користете ги верувањата на вашиот противник против него. Ако противникот одбие да ја прифати вашата позиција, тогаш употребете ја неговата во сопствена корист.
6. Друг план е да ја измешате темата на расправа вртејќи ги зборовите на противникот или она што таа или тој сака да го докаже.
7. Претставете ја својата позиција и покажете колку е таа точна поставувајќи му многу прашања на противникот. Поставувајќи многу прашања од различни теми во исто време, ќе успеете да го скриете она што сакате да го извлечете од противникот. Потоа брзо поставете ја дискусијата, извлечена од одговорите на противникот.
8. Разлутете го противникот. Лутиот противник многу потешко расудува или успева да ја најде својата предност.
9. Користете ги одговорите од противникот за да дојдете до различни па дури и спротивни заклучоци.
10. Ако противникот ти одговори негативно на сите прашања или одбива да потврди која било од твоите поенти, тогаш прашај го дали целосно се согласува со спротивното на она што го зборуваш. Ова може да го збуни противникот и во тој момент треба да побарате од него да признае пораз.
11. Ако противникот ви признае за одредени теми, воздржете се од прашување дали се согласува со вашиот заклучок. Подоцна, презентирајте го вашиот заклучок како договорен и признат факт.
12. Ако расправата се сврти кон општи идеи без некои посебни имиња, мора да користите метафора која е во корист на вашиот став.
13. За да го натерате противникот да ја прифати вашата позиција, мора да му дадете и спротивна, контра позиција на вашата. Ако спротивноста е јасна, тогаш противникот ќе го прифати тоа што го зборувате за да не биде парадоксален.
14. Пробајте да го изблефирате противникот. Ако тој или таа на неколку прашања ти дале одговори кои не се во корист на твојот заклучок, веднаш триумфално премини на заклучок, дури и ако тој не произлегува од одговорите. Ако твојот противник е срамежлив или глуп, а ти поседуваш повеќе дрскост и добар глас, финтата може лесно да успее.