Кога го открива Јупитер, Галилеo именува и неколку од месечините на планетата (ги има вкупно 67) по ликови блиски на богот Јупитер, меѓу кои има и неколку негови швалерки, меѓутоа ниту една од нив не е именувана по сопругата Јунона.
400 години подоцна НАСА ја испраќа Јунона меѓу нејзиниот сопруг и љубовниците, со мисија да фотографира.
Дополнителната симболика е што според митологијата Јупитер во еден момент е фатен од Јунона во неговата прељуба со Јо. Знаејќи колку е љубоморна сопругата, Јупитер се претвора во црн облак за да се скрие себе си и Јо. Знаејќи колку е неверен нејзиниот сопруг, во моментот кога од горе здогледува црн облак, каде што не би требало да има, Јунона сфаќа дека тоа е Јупитер, дека нешто подготвува, и се симнува да провери што е работата. (Приказната завршува трагично за Јо, која Јупитер ја претвора во бела крава, за Јунона да не ја фати, меѓутоа сопругата е малку попаметна од тоа.) Симболиката е што леталото Јунона треба да продре низ облаците околу планетата и до НАСА да испрати фотографии од Јупитер.
Траекторијата на Јунона: