Таксистот, собирачката на боровинки и продавачот на сендвичи што владееа со светот

Првиот се вика Владимир Путин, втората е Ангела Меркел, а третиот е Барак Обама, и пред да бидат овие имиња биле само луѓе што требало да извадат некоја пара за живот.

Владимир Путин деновиве се отвори дека по враќањето од служба во Источна Германија бил присилен да заработува за живот како возач на такси во Санкт Петербург, иако истовремено бил вработен и во канцеларијата на градоначалникот Анатолиј Собчак.

„Живеев како и сите други, ама некогаш морав да заработам екстра пари како возач на таксист,“ раскажува Путин.

Путин такси службата ја тера со Волга која ја носи од Германија. Тоа му била и приватна и „службена“ кола.
 

Меѓу првите извори на пари на неговата довчерашна колешка Ангела Меркел е продажба на боровинки. Во тоа време Источна Германија ги откупува боровинките со цена со субвенции од 4 марки за килограм. Истите државата на пазарот ги продава по субвенционирана цена од 2 марки за килограм. Откако ќе ги продаде своите боровинки, Меркел купувала од пазар за два пати поевтина цена и пак се враќала за да ги продаде во кооперација.
 

Пред 1980-те, некаде околу полнолетството, поранешниот американски претседател Барак Обама се уште е на Хаваи каде летно време се вработува во локална продавница за сувомеснати производи во која работи на правење сендвичи. Младиот Обама има и уште неколку привремени работи на Хаваи како продавач на сладолед и продавач на сувенири, а кога се префрла во Њујорк на Универзитетот Колумбија тој работи и на расчистување на градилиште.

14 декември 2021 - 15:18