
Како функционира?
Моделот Делфи-2М, заеднички развиен од Европската лабораторија за молекуларна биологија, Германскиот центар за истражувања на рак и Универзитетот Копенхаген, бил обучуван со анонимни податоци за 400.000 луѓе од британската Биобанка и бил тестиран кај 1,9 милион пациенти во Данска.
Функционира слично како и големите јазични модели (ЧетГПТ, Џемини или Клод), кои врз основа на статистички податоци го предвидуваат следниот збор во реченицата. Следејќи ги сите здравствени состојби и времето во кое се појавиле, алгоритмот на Делфи препознава шеми на болести и коморбидитет и предвидува кои болести може да се појават, по кој редослед и во кој период.
Кои се ризиците?
Исто како и јазичните модели, Делфи не е имун на халуцинации. При проектирањето на след од најверојатни настани, мала грешка во почетокот може каскадно да се прошири во голема за подалечните прогнози.
При тестирањето се покажал многу ефикасен за проценување на прогресија на разни видови канцер, срцеви удари и труење на крвта, но бил многу понесигурен за ментални нарушувања, компликации при бременост и други состојби што се под влијание на непредвидливи настани во животот.
Каква му е идината?
Прогнозирајќи ја иднината на генеративната ВИ во здравствената грижа, Делфи е пионерски потфат со потенцијал да се надгради во алатка што ќе помага за клинички одлуки.
Доколку се потврдат низ порепрезентативни кохорти и се комбинираат со молекуларни податоци и од сензори на телото, ваквите алатки за предвидување би можеле да станат дел од превентивната здравствена инфраструктура.