Ова е најдолго што сте го чуле човеков да зборува

Дани Д. го знаете кој е, што е, а богами и како е. Главно снима филмови, ама и покрај тоа што не се неми филмови, нема баш нешто многу зборувано во однос на минутажата што ја има. Сега седнува пред камера и се отвора за тоа како изгледа еден ден кај него на работа.

И покрај многу митови и легенди околу неговата работа, тоа што го признава е дека работниот ден во бизнисот е интересен, ама дека сепак работа е работа па „некогаш има фотограф што ми е буквално на 6 сантиметри од мудата, и му го чувствувам здивот додека се обидува да фотографира. Ама тој се труди да си ја работи својата работа, јас мојата.“

Тој е којзнае која по ред порно ѕвезда што негира постоење на „флаферки“ на снимање со едноставна логика „ако не ти се дига на девојкава што ја плаќаме да имаш секс со нејзе, зошто да плаќаме уште една девојка?“

Дани Д. во бизнисот влегува од сосема друга професија - градежник. Целата приказна почнува кога неколку другари прв пат му го гледаат пенисот, и на смеа му кажуваат да се проба во порно.

Идејата некое време му се крчка во глава, и за проба почнува да посетува неколку свингерски клубови чисто да види како ќе се снајде пред непознати.

Кога утврдува дека е ок со публика влегува во порно индустријата, и полека полека напредува, главно преку соработка со подобри и подобри компании. Денес освен што глуми во порно филмови тој е и продуцент и режисер.

Дaни е роден 1987, а на ИМДБ првиот филм му заведен во 2007.

Ај сега за промена да чуете некој збор од него:

 

 

22 септември 2021 - 12:00