Дечкото што го живее твојот Јутјуб сон

Под услов сонот да ти бил да купиш стара фарма, сам да почнеш да ја реновираш и тоа да го документираш на Јутјуб и да вадиш пари од истото, тогаш Карл Роџерс веќе е неколку години пред тебе.

Карл Роџерс е млад Британец кој со татко му купува 300 години стара фарма на југот на Франција, и веќе неколку години лично работи на нејзиното реновирање. Како што објаснува, татко му е градежник, а тој самиот прави сè што ќе му биде кажано.

Паралелно со ова секоја фаза од операцијата е педантно заведена на Јутјуб на неговиот канал „carlrogers“.

Карл тврди дека целиот проект не е така скап како што изгледа, и дека најскапиот  влог во сето ова му е времето. А не изгледа така како што зборува, затоа што зафатот е сериозно голем и на располагање има опрема од мал багер, до најразличен професионален рачен алат.

Видеата главно му се делат во три категории:

- Градежни видеа за долгометражно медитирање и/или кревање јадови зошто ти истото не го правиш со твојата куќа во село:






- Направи сам водичи за крупни проекти како одводен канал или ставање „кошулица“ во 300 години стар објект:



- Странични проекти како реставрирање Ланд ровер, велосипед или секира:



 

15 декември 2021 - 15:19