
Приказната што се продава е дека солените ламби кога ќе се загреат ослободуваат негативни јони, а негативните јони делуваат позитивно на секакви сегменти од човековото здравје и посебно расположение. И да речеме дека ова некако е точно.
Тоа што повеќе држи во целата работа е дека денешните домови и канцеларии, заради унапредениот квалитет на градба, имаат многу ниски нивоа на негативни јони бидејќи тие едноставно не можат да пробијат внатре.
Меѓутоа проблемот во оваа логика е токму солта од која се направени солените ламби, бидејќи сол како сол заради сите свои хемиски својства, без разлика дали е од Алпи или од Хималаи, во домашни услови ни приближно не може да се загрее колку што е потребно за да испушта негативни јони.