
Принципот на работа им е да не ги земаат теписите, туку тие да одат кај нив и на лице место да ги решат. Ова им успева, како што ќе се пофалат, со помош на комбето за чистење теписи кое заедно со опремата во него вреди 100.000 долари.
Момците од Хуберт стим клининг со неколку методи (пареа, хемикали...) заради што ја имаат и целата таа опрема во комбето, и со задоволство би се посветиле на редовно одржување на теписи меѓутоа расчуени се како експерти за длабоки, закоравени и тешки флеки (сенф, вино, сокови, кечап, зејтин...), па обично за тоа и ги ангажираат.
Тие прават разлика меѓу чистење и реставрација на теписи. Чистење е тоа што го правите дома со правосмукалка.
Реставрација е:
- Правосмукалка.
- Прскање на целиот тепих со посебно средство за распаѓање на флеките.
- Длабинско чешлање и усисување на целата површина со ЦРБ машина.
- Директно прскање на тешките флеки со средство, врз кои се постила мокар пешкир и се става врела пегла да постои од горе.
- На крај поминување на целата површина со индустриска правосмукалка на пареа.
Инаку, признаваат дека има флеки што не можат да ги реставрираат, на пример оние направени од варикина, која целосно го менува пигментот на влакното.
Тоа што не е јасно во целата работа е зошто и тие не соблекуваат чорапи кога влегуваат во куќа.