
Листата од 5 најтешки работи ја составува Бизнис инсајдер, и на нејзе се:
- копачи на сулфур
- собирачи на сол
- собирачи на акаи (оние за смути)
- копачи на вар
- собирачи на гнезда
Карактеристично за сите овие професии е што не можеш точно да извагаш дали полошо се платени или поштетни се за здравјето.
Иако се географски расфрлани низ сиромашниот дел од планетава, нив ги обединува и тоа што на никого не му е гајле како работата што тие ја вршат воопшто е завршена, ниту па човечката жртва зад крајниот производ. Ама па барем не страдаат од проблеми со вратот и грбот заради седење на биро пред монитор.