![](/files/styles/780px/public/off-course/2021/09/22/331083-3-elektrichni-alati-shto-treba-da-vi-ja-zavrshat-sekoja-rabota-po-doma-a-i-vo-rabotilnica.jpg?itok=mJAjhCbT)
1. Штрафилица
Децениската традиција на задолжително поседување бормашина во секоја домаќинска куќа последниве години е малку извитоперена па првото место го држи малку поразноликата (и не толку моќна во бушење) „штрафилица“, која има ударна опција за бушење на дрво, малтер и цигла (во бетон најголем дел од моделите само џабе ќе ги прегорувате), и можност за штрафење, историски најчесто употребувана за составување мебел од ИКЕА.
2. Аголна брусилка
На второ место е еден од најмоќните и разнолики алати што ќе го поседувате аголна брусилка а.к.а „шмишајбна“. Додека не го затворите првото ниво на основни алатки, аголната брусiлка ќе ви служи за сечење на сè од железо и плочки, до секакви пластики и лимови. Освен сечењето одлично ќе заврши работа за секакво стругање (дрво, метал, камен) без разлика дали со диск или со четка, со малку понапредно познавање на брусилката и финеса ќе може да ја користите и острење најразлични ножеви и сличен алат. Заради масовноста и сеприсутноста, за шмишајбната се наоѓаат секакви додатоци што некако или ја користат моќта на машината (пример диск пила за дрва), или ја монтираат на некаква конструкција за да ја претворат во фиксна машина за сечење / стругање.
НАЈВАЖНО, задолжителна работа што се купува и се користи со секоја шмишајбна се заштитни очила, треба да ги имате за работа на секој алат, ама посебно со овој.
3. Рачен циркулар
Иако останува тоа дека во зорт аголната брусилка има опција за додавање на диск за сечење дрво, ама тоа е исклучиво да заврши работа од зорт, и аголната брусилка многу повеќе врши работа во делот со стругањето и обликувањето. Рачниот циркулар е сосема друго ниво во работата со дрво, неколку додатоци како шина и стеги, го претвораат рачниот циркулар во фиксен циркулар за обработување на цели табли, греди, даски, табли, и тоа под најразлични агли и со милиметарска точност.
Со овие три алати и додатоците што доаѓаат со нив може да го завршите речиси секој проект по дома / гаража / работилница, кој не бара на пример заварување железо или понапредни градежни зафати.
Бонус алат што би го препорачале на сето ова е едно парче машинерија кое е за повисока категорија од хобисти, и ти станува јасно колку е неопходно само кога ќе видиш колку работа им врши на други - компресор за воздух. Со самото купување на компресор за воздух отворате сосема друга димензија на пневматски алат во кој имате од најосновен додаток за пумпање гуми, до пиштол на воздух (за чистење на целиот останат алат што го поседувате), пиштол за фарбање, пиштол за ковање, пиштол за пескарење, штрафилица...
Вон ова имаме два совета: Прво и се уште најважно, користење заштитни очила, ракавици и што и да е потребно за проектот. Второ, ако сега почнувате со градење на колекцијата и изборот ви е на батериски алат, гледајте тоа да биде алат од ист бренд и од иста волтажа во рамките на тој бренд за да можете повеќе парчиња алат да користите со иста батерија.