Во мај годинава, една нова компанија за производство на пијалоци пушти линија џин со име - Колаџин, и со тоа стана првиот бренд што меша жестоко со состојката што се бори против стареење - колаген. Значи, како што кажавме - види наслов.
Осаменоста е тивок убиец. Всушност, има истражувања што кажуваат дека сериозно може да ни го влоши менталното и физичкото здравје. Знае да предизвика штета колку кутија цигари дневно.
Најсериозно. Има еден вирален пост на Фејсбук каде што една мајка сведочи за друга, и без разлика што не ја знаеме другата страна на приказната, вреди да се размисли.
Валентина Сампајо е првата отворено трансродова манекенка што ќе работи за Викторијас Сикрет. Нешто како „не јебе леп, него упоран”, со тоа што во случајов, сакале вие да признаете или не, и упорниот е убав и го бива.
Манекенката Кариса Пинкстон, во своите кревки 20 годинки успеала да има и „трансфобични постови од минатото” и да излаже дека е трансродова личност и да признае дека излажала.
Зомбијана е врвна илустраторка и до сега не сме начекале промашена тема кај нејзе. Најново е серија илустрации на тема „Размисли што прашуваш”, каде што им се обраќа на луѓе што го пикаат носот каде што не треба. Зомбијана им вика да размислат, ние им викаме да не ја бараат мајка им по туѓи животи.
Ако може некој да каже до кога на мажите ќе мора сè да им се црта и да им се објаснува, наместо вистински да се вложат во односот со партнерката. Наместо да слушаат, да прашаат и да покажат некаква емоција. Пу.
И тоа има. Лисет Калвеиро толку многу сака да биде инфлуенсерка и толку многу навлегува во магичниот круг на лајкови и коментари, што во еден момент е задолжена 10.000 долари.