Жената што ја уапсија затоа што се шеташе топлес по дома

Тили Бјукенен и нејзиниот сопруг ставале нова изолација во гаража. Било жешко и напорно, според неа, па се соблекле по гаќи.

Кратко потоа, доаѓаат децата на нејзиниот сопруг и ја гледаат без маица.

Им рекла дека нема потреба да се срамат, затоа што сепак, и татко им е без маица.

Сепак, ова стига до мајката на децата, која се вади од памет од тоа што го слуша и пријавува, со што Тили завршува на суд.

И нејзиниот адвокат има сосема поинаква приказна.

Вели, се соблекла намерно пред децата, откако изјавила дека ако сопругот има право да седи полугол, тогаш и жена треба да може.

Понатаму, обвинението вели дека Тили, „под дејство на алкохол” на нејзиниот сопруг му рекла дека ќе се облече само ако тој ѝ го покаже пенисот.

Може после летнала на метла, не знаеме. Дека сите сопруги така захтеваат да им се покаже пенисот на човекот со кој се богзнае колку време заедно и со кој местат изолација во гаража во моментот.

Но, исходот може да биде многу посериозен: ако ја прогласат за виновна, не само што може да заврши во затвор, туку може да ја има и на листа на сексуални престапници десет години.

Во релевантниот закон во Јута стои дека ниедна жена не смее да ја изложува градата „под ареолата” ни во јавност, „ни приватно во услови кога ќе предизвика нервоза или непријатност, или со намера да возбудува или гратификува сексуална желба пред човек или дете.”

Одбраната го предизвикува овој закон, нарекувајќи го сексистички.

„Затоа што Тили Бјукенен е жена - и само затоа што е жена - државата сега бара да се осуди како сексуален престапник пред деца, затоа што го правела истото што го правел нејзиниот законски невин маж. Тужена е исклучиво врз основа на полот.”

9 октомври 2019 - 15:29