Зошто луксузните брендови поскапеа во сред пандемија?

Цени качуваат и евтините и скапите, само зошто и како го оправдуваат тоа?

Тајмингот се чини сосема погрешен, и веројатно прво што ви паѓа на памет е дека гледаат да искешираат што е можно повеќе додека се луѓето во паника. Се поставува и прашањето како им успева, кога нема каде да се оди и да се облече тоа што ќе го купиш, ама сепак, се работи за покомплексна работа.

Првиот логичен аргумент е цената на сировите материјали. Повеќето држави се во криза и со производство и со работна сила, па нормално е материјалите кои луксузните брендови ги нарачуваат да бидат потешко достапни - зборуваме за злато, сребро, кожа и слично - работи што зависат од еден тон индустрии полни рудари, сточари, фабрички работници, занаетчии, курири, ГРАНИЦИ и така натаму.

Второ, цените и без корона секоја година растат. Се работи за инфлација - се качуваат кирии, цена на работна сила, давачки кон државата... И тоа е една од причините што една фирма како Шанел два пати годишно свесно и транспарентно ги качува цените - и никогаш не ги враќа назад.

Трето - валути. Жустин Леконт во видеото подолу објаснува: Ако земаш хардвер за една ташна од Индија, материјали од Италија, а ја спојуваш во краен производ во Англија, работиш со три различни валути, кои во време на пандемија флуктуираат и не можеш крајот да им го фатиш.

Сепак, дали е ова доволно објаснување за толку качени цени на луксуз? Особено што луксуз по дефиниција не е од суштинска важност и кога на луѓето им се нестабилни примањата прво на луксузи штедат?

Можеби објаснувањето лежи во предвидувањето дека луксузните брендови ќе изгубат 35% во продажба.

Или можеби има врска со фактот што американските милијардери се побогати за 280 милијарди долари од почетокот на коронавирусот.

Убаво објаснето тука:

3 јуни 2020 - 00:00