Според една анализа, постои неколку интересни причини зошто генерациите пред нас изгледале „постари“ многу порано. И не, не е само до квалитетот на камерата или модата (иако и тие имаат улога). Дел од одговорот лежи во нешто наречено age compression - скратениот период помеѓу младоста и зрелоста што го живееле луѓето порано.
Во минатото, младите многу побрзо станувале „возрасни“ - се женеле, основале семејства, почнувале со тешки работи уште во доцните тинејџерски години. Ова значи дека брзо влегувале во улогата на возрасни личности и изгледале така, со формална облека, посериозен израз, па дури и со понагласени знаци на стареење предизвикани од стрес, работа, и живот без многу паузи.
Дополнително, животниот стил бил значително поразличен: повеќе пушење, повеќе сонце без заштита, помал пристап до здравствена нега, козметика и превентивна грижа. Сето тоа оставало видливи траги врз кожата, телото и изразот на лицето.
Од друга страна, денешните генерации имаат сосема поинаков однос кон возраста. Младоста се „продолжува“ со помош на мода, козметика, фитнес и културен фокус на младешки изглед. А и самите критериуми за тоа како изгледа една „возрасна личност“ се сменете - денешен 30-годишник во хеланки, патики и капче изгледа значително помлад од својот врсник во 1955 кој носи костум, шапка и носи актовка.
Сепак, можно е клучниот фактор да е перцепцијата. Нашите очи гледаат низ филтерот на сопственото време. Тоа што некогаш било „возрасен изглед“, денес можеби ни изгледа постаро од што навистина било.
Просто е - се живеело побрзо, за разлика од денес. Нашево е подолго и побавно и заедно со другите фактори, денес 50 изгледа како Џенифер Анистон. Тогаш, 50 било Бети Вајт.